СТАНДАРД life
Храна

Осо буко со зеленчук! Италијански специјалитет за цело семејство

Ова универзално популарно јадење потекнува од Милано.

Иако е многу лесно за подготовка, остава долготрајно задоволство и после јадење…Уживајте!

Состојки:

* телешка коленица
* две лажици мешавина од италијански зачини
* две лажици брашно
* четири лажици масло
* три мали глави црвен кромид
* две лажички рендан ѓумбир
* половина чаша сушени шитаке печурки
* малку жалфија
* лажица соја сос
* четвртина чаша мадера вино
* чаша доматно пире
* две чаши грашок
* сол, бибер

Подготовка:

Побарајте од месарот да ја исече телешката коленица на четири дебели шницли, потоа ставете им сол, бибер, зачинете со италијански зачини и „валкајте ги“ во брашно.

Во поголемо тавче пропржете го месото на загреано масло по четири минути од секоја страна и префрлете го во намрсен плех.

Потоа во тавче пропржете го исечканиот кромид, па ставете го во тавата со месото. Се пече во рерна на 200 степени 30 минути.

Во меѓувреме исцедете ги претходно натопените шитаке и кратко пропржете во тава. Додадете ѓумбир, соја сос, жалфија и вино. Се динста пет минути, се прелива месото, се покрива со фолија, се намалува огнот на 160 степени и се пече уште 90 минути.

На крајот додадете го грашокот, печете уште 15 минути, па послужете.

На здравје!

Поврзани вести

Вкусни колачиња со какао и бадеми ќе станат омилената закуска на вашето семејство

Urednik

Пилешки бургер од тофу сирење со домашна земичка

Urednik

Рол – виршли ролати со сенф и кашкавал

Urednik