СТАНДАРД life
Шоубиз

Тишината траеше 37 години: Синди Крафорд ја нападна Опра Винфри

По повод објавувањето на документарната серија на Apple TV+, „Супер модели“, во јавноста беа објавени клипови во кои Наоми Кембел, Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон и Синди Крафорд зборуваат за времињата кога официјално станаа супермодели и суверено владееја со светските модни писти.

Меѓу нив е и изјавата на 57-годишната Синди која решила на јавноста да и открие грди детали од почетокот на кариерата. Така таа се присети на своето прво претставување пред јавноста, во шоуто на Опра Винфри, каде што гостуваше кај нејзиниот агент од модната агенција Elite, Џон Казабланкас, кој децении подоцна беше обвинет за сексуално злоставување малолетни модели.

Токму тој момент и разговорот што го водела со славната Опра пред камерите и оставиле горчлив вкус во устата на Синди.

Имено, во еден момент Опра ја замолила да стане и да го покаже своето тело на националната телевизија. 20-годишната Синди стана и нервозно се смееше, покажувајќи им ја на гледачите во студиото, но и на оние пред малите екрани, својата витка фигура.

Сеќавајќи се на тој момент за документарецот, Синди Крафорд рече: „Се чувствував како изложбен примерок или како дете кое го гледаш, но не го слушаш. Кога ќе го погледнам денес, изгледа дека Опра навистина сакала да каже: „Стани и покажи ми го своето тело. Покажете ни дека заслужувате да бидете тука. Тогаш не го сфатив тоа“.

Синди Крафорд кај Опра Винфри во 1986 година
Синди Крафорд кај Опра Винфри во 1986 година

Најтажното е што во текот на интервјуто Опра всушност го прашува Казабланкас сè што сака да знае за Синди, како младата манекенка да не може да зборува за себе. Сè е уште полошо затоа што и самата Опра некогаш минувала низ тешки периоди поради расистички испади за бојата на нејзината кожа, но била и жртва на сексуална злоупотреба, па токму поради таквото минато човек би помислил дека нема да се однесува исто со други.

Во тоа интервју агентот и ја предвидел иднината, велејќи дека ќе стане број 1 во модниот бизнис, а тој не погреши, но самата таа во документарецот вели дека не било се така баснословно. Признала дека често се онесвестувала на снимање поради глад.

„Имав 20 години и го напуштив факултетот за да работам како модел во Чикаго. Заработував илјада долари на ден“, рекла Синди и додала дека обично се чувствува слабо пред ручек, тогаш се онесвестувала, но и брзо станувала и го завршувала снимањето до крај.

Поврзани вести

Излезе најочекуваниот албум на годината

Radmila Tasevska

Шерон Стоун не била првиот избор за улогата во „Ниски страсти“: „Мајкл Даглас не сакаше ни да тестира снима со мене“

Urednik

Бела Хадид отворено за својата борба со болеста: „Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена“

Urednik