СТАНДАРД life
Шоубиз

Лизо повторно мета на обвинувања од поранешни вработени: „Ни се закануваа, работев по 20 часа на ден“

Пејачката Лизо (35) неодамна беше мета на обвинувања од поранешни вработени за злоупотреба и сексуално и расно вознемирување. Сега за истото ја обвини уште една поранешна вработена, модната дизајнерка Аша Даниелс (35), пренесува The Guardian.

Таа ја поднесе тужбата во четвртокот пред судот во Лос Анџелес. Аша не само што ја обвини Лизо, туку и други членови на нејзиниот тим. Една од нив е менаџерката за гардероба, Аманда Номуру, која е обвинета дека им кажала на вработените дека се „дебели, бескорисни и глупави“. Таа, исто така, наводно ги принудувала да се пресоблекуваат пред бели мажи. Во тужбата беше наведено и како таа им се заканувала на поранешните вработени и рекла дека ќе ја „убие кур*ата“ бидејќи не можела да најде лекови. Наводно таа им ги прекинувала и паузите.

Аша во тужбата навела и како работела во смени кои траеле и до 20 часа дневно, а одморот им бил скратен.

Портпаролот на пејачката проговори за тужбата и ја демантираше. Тој рече дека тужбата е лажна и апсурдна и дека Лизо никогаш не ја запознала Аша.

Лизо пред два месеци беше тужена од тројца поранешни вработени – танчерки, кои тврдат дека Лизо сексуално ги вознемирувала и дека биле во непријателска работна средина. По нив дојдоа нови обвинувања кога уште шестмина од нив ја обвинија за сексуално вознемирување. Рапероката се огласи по обвинувањата и рече дека тие не се вистинити.

– Со страста доаѓа напорна работа и високи стандарди. Понекогаш морам да донесам тешки одлуки, но никогаш не ми е намерата да направам некој да се чувствува непријатно или неценето како важен дел од тимот. Знам какво е чувството секојдневно да се биде срамотен од други и апсолутно никогаш не би критикувала или отпуштала вработена поради нејзината тежина. Повредена сум, но нема да дозволам ова да ја засени добрата работа што сум ја направила во светот. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржаа за да ме подигнат во овој тежок момент – изјави тогаш таа.

Лизо откажа претстојниот концерт по обвинувањата за малтретирање и сексуално вознемирување

Поврзани вести

Хоакин Феникс ќе глуми во експлицитна љубовна драма за двајца геј мажи

Urednik

Софија Вергара проговори за разводот: „Продолжив понатаму“

Urednik

Шакира и Дрејк „уловени“ заедно: Се обидоа дискретно да ја напуштат истата забава, што предизвика гласини

Urednik