СТАНДАРД life
Шоубиз

Лизо откажа претстојниот концерт по обвинувањата за малтретирање и сексуално вознемирување

Откако минатата недела тројца танчерки ја обвинија за малтретирање, навреди и сексуално вознемирување, американската пејачка Лизо (35) го откажа претстојниот концерт.

Таа требаше да настапи на 2-ри и 3-ти септември на фестивалот Made in America во Филаделфија, но концертот беше откажан поради „тешки и непредвидливи околности“, пишува NBC News. По тешките обвинувања, Лизо наеднаш почна да губи обожаватели, па за само неколку дена на Инстаграм ја отследија повеќе од 170 илјади корисници. Пејачката на Твитер ги отфрли сите обвинувања.

– Овие последни денови беа страшно тешки и крајно разочарувачки. Мојата работна етика, морал и почит беа доведени во прашање. Мојот карактер беше критикуван. Обично избирам да не одговарам на лажни обвинувања, но колку и да звучат неверојатно, тие се премногу срамотни за да не се осврнам“, ја започна таа долгата објава.

Таа додаде дека „лажните наводи“ доаѓаат од поранешни вработени кои веќе јавно признале дека им било кажано дека нивното однесување на турнејата е несоодветно и непрофесионално.

За потсетување, танчерите во обвинението навеле дека Лизо ги терала на сексуални дејствија со банани, ги навредувала и малтретирала, а една од нив била шокирана од музичарката, која кариерата ја изградила на промоција на самољубие и прифаќање, ја нарекла дебела.

– Не сум тука за да ме доживуваат како жртва, но знам и дека не сум негативецот што луѓето и медиумите ме прикажуваат како во последните денови. Јас сум многу отворена за мојата сексуалност и изразување, но не можам да прифатам или да им дозволам на луѓето да ја користат таа отвореност за да направат да бидам нешто што не сум, заклучила таа.

Поврзани вести

Џенифер Анистон откри дека бракот на нејзините родители влијаел на нејзиниот љубовен живот

Urednik

🎥Викторија Бекам и Никола Пелц снимија прекрасен момент на Бахамите

Urednik

Хари Стајлс ги покажа стомачните на бродот, но и тетоважата посветена на бившата

Urednik