СТАНДАРД life
Шоубиз

Сестрата на Селин Дион за нејзината состојба: „Не можеме да најдеме лек кој делува“

Не е тајна дека 55-годишната Селин Дион последните години се бори со сериозни здравствени проблеми. Имено, на познатата пејачка и е дијагностицирана ретка невролошка болест, позната и како синдром на вкочанета личност, која многу и го отежнува нормалното функционирање.

Како што открива магазинот Hello!, нејзината сестра Линда се вселила во нејзиниот семеен дом токму за да и помага во секое време и да биде достапна. За се проговори нивната сестра Клодет, која рече дека Селин Дион е со трите сина Рене-Шарлс, Еди и Нелсон на нејзиниот луксузен имот во Лас Вегас, а во една од собите е и Линда.

Синдромот на вкочанета личност е исклучително ретка болест која се карактеризира со грчеви во мускулите и недостаток на координација, а симптомите можат да бидат поттикнати од звуци, допири и емоционален стрес.

Така Клодет откри дека Селин напорно работи за да закрепне и длабоко верува дека има надеж за нејзино закрепнување, но нивниот најголем предизвик е што не можат да најдат ефикасен лек.

„Таа е дисциплинирана во сите области од нејзиниот живот… Не можеме да најдеме лек кој делува, но важно е да се има надеж“, рече Клодет.

Инаку, Селин поради здравствени проблеми мораше да ги откаже настапите во Лас Вегас, како и светската турнеја Courage.

Здравјето на Селин Дион, која е најмладата од 14-те, покрај Линда и Клодет, е загрижена и за нејзините други браќа и сестри – Дениз, Клемент, Лиет, Мишел, Луиз, Жак, Даниел, Гислајн, Манон и близнаците Пол и Полин.

Поврзани вести

Софија Вергара е „кралицата на кокаинот“ во тизерот за „Griselda“

Urednik

По Либан и Кувајт, и Алжир го забрани филмот „Барби“

Urednik

📽 Скандалозно обраќање на актерот на доделувањето на Златните глобуси: „Ду*ај го“

Radmila Tasevska