СТАНДАРД life
Шоубиз

Мадона ги собори сите рекорди: Билети за концертот на кралицата на поп музиката можат да си дозволат само најбогатите

Мадона наскоро ќе ја започне долгоочекуваната турнеја „Celebration“, која ќе одбележи четири децении од нејзината кариера.

Кралицата на попот продолжува да работи по компликациите со здравствената состојба, а наскоро ќе ја започне турнејата која нејзините обожаватели долго време со нетрпение ја очекуваа.

Своите први концерти Мадона ќе ги одржи во Лондон, поточно во О2 арената каде пред околу 80.000 фанови ќе ги изведе своите најголеми хитови.

Пејачката ќе настапува во речиси сите светски метрополи, а цените на билетите ја шокираа јавноста. Најголемите обожаватели на Мадона во Лондон мораа да издвојат од 300 до 5.900 евра за нејзиниот настап. Сепак, и покрај небесно високите цени, останаа само 88 билети.

Ништо подобра не е ситуацијата во Милано, каде билетите се движат од 300 до 15.454 евра. Овде останаа помалку од 200 влезници, а според проценките на светските медиуми, кралицата на попот би можела да постави нов рекорд во заработка од настап со ова темпо.

Сепак, оваа титула нема да претставува престиж за неа бидејќи веќе е на врвот на листата откако заработи 411 милиони долари за време на турнејата „Sticky and sweet“ во 2008 и 2009 година, пишува „Курир“.

Да потсетиме, турнејата на Мадона првично беше одложена поради нарушено здравје. Имено, пејачката поради бактериска инфекција заврши во болница, но успешно заздрави, а неодамна во кругот на најблиските пријатели го прослави својот 65 роденден.

Поврзани вести

Тејлор Свифт го откажа концертот во Рио по смртта на една обожавателка

Radmila Tasevska

Поранешна девојка го обвини Диди за силување и физичко насилство

Urednik

Принцезата Кејт и принцот Вилијам на служба за одбележување на годишнината од смртта на кралицата

Urednik