СТАНДАРД life
Храна

Брзо и лесно: овие солени палачинки ќе ве освојат за кратко време

Кога станува збор за палачинки, постојат безброј начини на кои можеме да ги подготвиме.

Ова брзо и едноставно уживање без сомнение е меѓу најпопуларните десерти, па најчесто ги јадеме со нутела, џемови, јаткасти плодови, мед, овошје…

Но, што е со вкусните солени палачинки кои вклучуваат омилено дуо кое добро функционира заедно: шунка и кашкавал?

Брзо и лесно се подготвуваат и се одлична идеја за појадок, ужина или вечера.

Состојки:

* 2 јајца
* 250 гр брашно
* 150 мл млеко
* 1 лажица маслиново масло
* 1 лажица зачини (оригано, мајчина душица, магдонос…)
* 1 прстофат сол
* 150 мл вода
* 200 гр шунка
* 200 гр кашкавал на парчиња

Подготовка:

Брашното, јајцата, млекото, 1 лажица масло и 150 мл вода измешајте ги во блендер, додадете зачини и малку сол. Добро измешајте додека не се појават грутчиња и оставете да отстои најмалку 1 час во фрижидер.

Секоја палачинка наполнете ја со потпржената шунка и парчињата кашкавал, преклопете ја на половина и ставете ја во плех што претходно сте го намачкале со масло. Повторете ја постапката додека не ги наредите сите палачинки.

Се ставаат на плех и се ставаат во рерна 2 минути да се растопи кашкавалот. Послужете додека е топло со сезонска салата.

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт на денот: Пудинг од тиква

Radmila Tasevska

Рецепт за најкрцкави компирчиња – нема грешка!

Radmila Tasevska

Како да направите мозаична торта?

Radmila Tasevska