СТАНДАРД life
Стил

60 години подоцна: омилениот костим на Џеки Кенеди сè уште има иконски статус

Џеки Кенеди, меѓу другото, е запаметена по беспрекорниот вкус и чувството за мода. Првата дама на Америка имаше естетика препознатлива меѓу илјадници, а во текот на шеесетите важеше и за модна икона. Кенеди блескаше во „Шанел“ јакни, тесни здолништа, а сакаше да носи и модни додатоци како шик капи и бисерни ѓердани. Меѓу облеките што го сочинуваа „Џеки стилот“, една се издвои како онаа што влезе во историјата.

Секако, се работи за розево комплет здолниште и кратко сако од твид со темносини ревери и детали, украсени со златни копчиња, кои таа ги спои со соодветна капа.

Џеки и Џон.Ф. Кенеди
Џеки и Џон.Ф. Кенеди

Типичен аутфит за дамите во шеесетите беше токму овој модел со двојно закопчување. Презентиран е во колекцијата есен/зима 1961/62 година, а женската естетика која Коко Шанел ја внесе во таа колекција веднаш ја привлече првата дама, која беше голем обожавател на популарната Французинка.

Розовата боја е многу популарна денес, но ниту една розова облека не е запаметена како оваа.

Иако оваа облека е поврзана со патувањето на Кенеди во Далас, Џеки ја носеше оваа комбинација во многу други прилики. Розовата комбинација му била омилена на самиот претседател, а тој ја замолил сопругата да ја носи за патувањето во Далас.

Во времето на атентатот на Џон Кенеди, првата дама била облечена во розово, а комплетот на Шанел набрзо бил облеан во крв. Одбивајќи да ја соблече извалканата облека, Џеки рече: „Не, ќе продолжам да ја носам оваа облека. Сакам да им покажам што направиле“.

 

 

Џеки Кенеди
Џеки Кенеди

Дури во 2003 година, Керолин Кенеди, ќерка на претседателската двојка, го донираше недопрениот и неисчистен сет на Националниот архив на САД. Оделото оттогаш се чувало во трезор надвор од Вашингтон и јавноста нема да го види до 2103 година на барање на семејството Кенеди. Сепак, розовата капа и белите ракавици на поранешната прва дама биле изгубени, а наводно последен пат биле видени во болницата по атентатот.

Натали Портман во филмот „Џеки“ носеше реплика на костимот на Шанел што го носеше Џеки Кенеди во 1963 година во Далас. Костимографката Медлин Фонтен директно му пристапи на Шанел за да ги набави основните делови за производство на облеката.

Натали Портман во улогата на Џеки Кенеди
Натали Портман во улогата на Џеки Кенеди

И тоа не е единствениот пат кога облеката беше инспирирана од иконската розова комбинација која влезе во историјата!

Неодамна имавме можност да ја видиме убавата актерка Маргот Роби во розови тоалети за Барби, но многумина ќе се изненадат што некој изгледа токму како оваа иконска комбинација!

Маргот Роби
Маргот Роби

Додека го промовираше својот последен проект, Роби носеше розов костум од „Мошино“. Иако се работи за пократко здолниште, нитни и бројни други интервенции, овој комплет неодоливо потсетува на иконската комбинација на американската прва дама.

Поврзани вести

Додека Џорџ Клуни не ја пушта раката на Амал, таа повторно импресионира со својот стајлинг

Urednik

📸Изгледа сензационално: Маргот Роби плени со сексипилност на премиера на „Saltburn“

Urednik

(ФОТО)Модниот настан на Vogue во Лондон привлече армија познати личности

Urednik