СТАНДАРД life
Шоубиз

Разводот е финализиран; еве што се договори Рис Витерспун со нејзиниот поранешен сопруг

Само еден ден откако официјално го завршија својот 12-годишен брак, откриени се деталите за спогодбата меѓу холивудската актерка Рис Витерспун и нејзиниот поранешен сопруг Џим Тот.

Како што дознава Us Weekly, откако ги погледнале документите од разводот на 47-годишната Рис Витерспун и 53-годишниот Џим Тот, на суд било договорено до неодамна сопружниците да имаат заедничко старателство над нивниот 10-годишен син Тенеси.

Исто така, нема да плаќаат алиментација еден на друг, што не треба да чуди бидејќи и двајцата заработуваат повеќе од 100 илјади долари годишно. Дополнително, ги отфрлија сугестиите да одат на родителски семинари, бидејќи сами, без никакво мешање од судот, успеаја да постигнат пријателски договор.

Изданието наведува дека поранешните сопружници донеле заеднички одлуки во врска со нивниот син од моментот кога поднеле барање за развод во март, по речиси 12 години брак.

Што се однесува до дистрибуцијата на личните работи, Витерспун и Тот се договориле кои парчиња мебел, уметнички и други предмети во куќата на кого му припаѓаат. Секој од нив ќе ги зачува личните автомобили, банкарските сметки, како и куќите што ги поседувале пред бракот. Сите останати работи кои се однесуваат на приватниот и деловниот дел остануваат тајна.

Одлуката за развод, која дојде само неколку дена пред прославата на 12-годишнината од бракот, ја шокираше јавноста, бидејќи парот не дозволи да се знае дека нешто не е во ред во нивната врска.

Поврзани вести

(ФОТО)Пирс Броснан (70) сними модна кампања со синот Парис (22), луѓето се воодушевени

Urednik

📸Дамијано Давид фатен со нова девојка: Фронтменот на „Манескин“ потврди дека е во врска со познатата пејачка

Urednik

Рамбо стигна во Ватикан: Сталоне со семејството на прием кај папата

Urednik