СТАНДАРД life
Шоубиз

Почина актерот Андре Браугер

Двократниот добитник на „Еми“, ѕвезда на телевизиската комедија „Бруклин девет-девет“ и полициската драма од 1990-тите „Оддел за убиства: Живот на улица“, Андре Браугер почина во понеделникот по кратко боледување, изјави во вторникот неговиот агент.

Андре Браугер глумеше заедно со Енди Самберг во полициската сатира „Бруклин девет-девет“ осум сезони од 2013 до 2021 година како капетанот Реј Холт, за што доби четири номинации за Еми и две награди од изборот на критичарите за извонреден спореден актер во хумористична серија.

Тој претходно се етаблираше како драмски актер играјќи го детективот Френк Пемблтон во „Homicide: Life on the Street“ од 1992 до 1998 година, успешна улога за која ја освои својата прва Еми во 1998 година, во категоријата главен актер во драмска серија.

Браугер, исто така, доби Еми за главен актер во минисерија во 2006 година за неговата улога како Ник Атвотер во мини серијата „Крадец“. Севкупно, тој имаше 11 номинации за Еми, според веб-страницата на Телевизиската академија и 67 актерски почести, според IMDB.com.

Браугер, исто така, редовно се појавуваше на сцената на фестивалот Шекспир во Њујорк, добивајќи ја наградата „Оби“ во 1997 година за насловната улога во „Хенри V.

Роден и израснат во Чикаго, Браугер дипломирал на Универзитетот Стенфорд и добил M.F.A. од Џулијард, според биографијата дадена од агентката Џенифер Ален.

Зад себе ја остави сопругата, актерката Ами Брабсон и три сина.

Поврзани вести

Откриено е како изгледале последните две недели на Метју Пери, безуспешно се обидувал да си помогне со лекови: „Беше лут и дрзок“

Urednik

📽📷Жизел Бундхен се почесто во друштво на атрактивен тренер за боречки вештини

Urednik

Скандал: Обожавателка на настап го фати пејачот за меѓуножјето – „Тужи ја“ (ВИДЕО)

Radmila Tasevska