СТАНДАРД life
Храна

Посни крофни од рерна

Во текот на зимата многу домаќинки подготвуваат различни јадења, особено печива, а крофните се незаменлив деликатес. Невозможно е да им се одолее, а изборот со што да ги наполните е навистина разновиден. Рецептот за крофни е горе-долу сличен на сите што го подготвуваат, а овој подолу е посебен.

Како што почна постот, избравме посен рецепт за крофни со додавање кисела вода. Сигурно е дека ќе ви се допадне.

Состојки:

* 500 гр бело брашно
* 1 кесичка сув квасец
* 150 мл млака вода
* 200 мл кисела вода
* 3 лажици масло
* 2 лажици кафеав шеќер
* 1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка:

Во топла вода се додаваат квасецот, шеќерот и една лажица брашно, се меша и се остава квасецот да се активира околу 10 минути. После тоа, додадете масло, кисела вода и ванилин шеќер. Добро измешајте, па додадете го преостанатото брашно. Замесете тесто и оставете го настрана на топло место додека не се удвои.

Кога ќе видите дека тестото нараснало, наросете ја работната површина со брашно и со сукало развлечете го тестото. Крофните обликувајте ги со калап или чаша и вадете ги од калапот.

Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и оставете ги да нараснат уште 15 минути. Премачкајте ги со масло, а можете хартијата и малку да ја намачкате со масло.

Добро загрејте ја рерната, потоа ставете го плехот и печете на 180 степени околу 25 минути. Ќе видите кога ќе добијат златно кафеава боја.

Се полнат со фил по желба.

На здравје!

МИНИ КРОФНИ СО МАЛКУ РАКИЈА ГОТОВИ ЗА 15 МИНУТИ: Без квасец се прават брзо, посипете ги со шеќер и уживајте МАКСИМАЛНО

Поврзани вести

🎥Кошници од бисквити полнети со фил од ванила и сезонско овошје

Urednik

Пита со компири и пилешко

Urednik

Рецепт за неодоливи турски јајца – појадок достоен за султан!

Radmila Tasevska