СТАНДАРД life
Здравје

Што е емулгатор Е220 и каде најмногу се наоѓа? Често го внесуваме во празничните денови

Нашата храна е полна со адитиви, емулгатори и слични додатоци, а главно не сме запознаени што претставуваат и колку се опасни.

Сигурно е дека сте ја виделе ознаката E220 на етикетите. Дали знаете што претставува?

Емулгаторот Е220 е сулфур диоксид, т.е. безбоен гас кој се користи како конзерванс. Неговата улога е да спречи бактериско и ензимско расипување на производите, пишува „Фуд инфо“. Се раствора во водена база, а киселината произведена од оваа реакција е активното средство.

Покрај тоа, делува и како оксидирачки агенс со ефект на избелување, го стабилизира витаминот Ц и спречува промена на бојата на белото вино. Прифатливата дневна доза е 0,7 милиграми на килограм телесна тежина.

Последици од користење на E220

Поради своето оксидирачко дејство, може да ја намали содржината на витамини во производите, додека во црниот дроб се сведува на безопасен сулфат и се излачува преку урината. Може да предизвика и проблеми со дишењето кај астматичари, додека во високи концентрации може да предизвика гастроинтестинални пореметувања.

Во која храна може да се најде?

Понекогаш сулфур диоксидот се користи како конзерванс за суви кајсии, суви смокви и други сушени плодови, што ја спречува оксидацијата поради неговите антимикробни својства и способност.

Го имаат и вината, а оние што го имаат се означени со „содржи сулфати“, пишува „Википедија“.

Интересно е што често јадеме сушено овошје за време на постот во овој период од годината, кога приготвуваме десерти со нив, особено на Бадник.

Совети од нутриционист Емилија: Каква храна треба да внесуваме во овој период од годината за да се заштитиме од настински и вируси?

Поврзани вести

Прекрасен зачин кој го намалува холестеролот, спас е за лошото варење и е моќен афродизијак

Urednik

Клучен витамин што треба да го земате во зима: Ова се знаци дека имате недостаток

Radmila Tasevska

Петте најдобри природни лекови за мамурлак

Urednik