СТАНДАРД life
Здравје

Чувство кое сите сме го доживеале: Зошто луѓето се лути кога се гладни?

Дури и најсмирените луѓе стануваат лути кога се гладни. Имено, како што поминува времето од последниот оброк, количината на хранливи материи почнува да опаѓа, а вие станувате раздразливи.

Јаглехидратите, протеините и мастите се разградуваат во едноставни шеќери, аминокиселини и слободни масни киселини. Како што поминува времето од последниот оброк, количината на овие хранливи материи опаѓа, а кога нивото на гликоза во крвта ќе падне на критично ниво, мозокот тоа го перципира како ситуација опасна по живот, пишува „Bright Side“.

Мозокот е зависен од гликоза, а кога таа опаѓа во крвта, едноставните работи стануваат тешки. Нема да може да се концентрирате, ќе правите грешки во банални ситуации и ќе почнете да зборувате неповрзано.

А освен тоа, ќе станете мрзоволни и сите ќе ви сметаат.

Кога нивото на гликоза ќе падне на долната граница, мозокот им наредува на одредени органи да синтетизираат хормони кои го зголемуваат. Еден од тие хормони е и адреналинот, хормонот на стрес, кој се отпушта во крвотокот во сите стресни ситуации.

Втората причина зошто гладот е поврзан со лутината е поради тоа што и двете се контролирани со исти гени. Еден од нив е невропептидот Y кој се ослободува кога сме гладни. Тој невропептид делува на различни рецептори во мозокот, вклучувајќи го и Y1 рецепторот.

Освен што го контролираат гладот, тие ја регулираат и лутината и агресијата.

 

Поврзани вести

Луѓето масовно го мијат лицето со сода: Еве што велат експертите за новиот тренд

Urednik

Витамински сок од рибизли е се што ви треба на оваа топлина

Radmila Tasevska

Три знаци во устата кои можат да сигнализираат за недостаток на витамин Б12

Urednik