СТАНДАРД life
Здравје

Повеќе од четири кафиња на ден се штетни за здравјетo

Потрошувачката на кофеин еднаква на четири кафиња еспресо секој ден, е штетна за здравјето, особено кај малолетниците и кај бремените жени. Тоа соопштија од Европската агенција за безбедност на храната во извештај за употребата на кофеин во Европа.

Дозата која се препорачува за употреба на стимулирачката супстанција е под 400 милиграми на ден за возрасен човек. „Примањето на кофеин од секакви извори до 400 мг. Дневно не предизвикува зголемување на загриженоста за здравјето кај здрави возрасни во општата популација, освен кај бремени жени“, посочуваат од Агенцијата.

„Ризикот за здравјето не е голем, но сепак постои“, коментира претставник на Агенцијата во однос на примањето на големи количества кофеин.

И покрај предупредувањата за употребата на кафе, здравствените власти во Европа се загрижени најмногу во однос на енергетските пијалаци со кофеин од типот на „Ред бул“ и други, кои се консумираат главно од млади луѓе. Според податоците 68% од младите меѓу 10 и 18 годишна возраст употребуваат редовно енергетски пијалаци, а 12% од нив се сериозни потрошувачи.

Од испитаните 13 европски земји, Данска го води рангирањето за потрошувачка бидејќи таму 33% од луѓето користат кофеин над најздравите 400 мг. Следи Холандија со 17,6% и Германија со 14,6%.

Според податоците кофеинот во енергетските пијалаци може да варира помеѓу 70 мг. на литар до значително поголемите 400 мг. на литар.

Поврзани вести

Дали е подобро да се јаде црно или бело грозје?

Radmila Tasevska

Висок крвен притисок и алкохол: Кој е загрозен, какви се последиците и дали има некакви придобивки?

Urednik

Нутриционист посочува пет причини зошто треба често да јадеме боровинки

Radmila Tasevska