СТАНДАРД life
Здравје

Совети од нутриционист Емилија: Каква храна треба да внесуваме во овој период од годината за да се заштитиме од настински и вируси?

Емилија Спасовска Мојсовска, магистар по нутриционизам, во разговор со „Стандард лајф“ објаснува како да се храниме во овој период од годината, каква исхрана е потребно да внесуваат луѓето кои имаат настинки и вирусни инфекции и каква храна треба да внесуваме во ладните зимски денови за да не загрее.

Исхраната е многу важна алка во синџирот за заштита од бактериски и вирусни настинки, која е ваша препорака за исхрана во овој период од годината, како треба да се храниме?

-За добар имунитет и подготвеност на организмот да се бори со сите непријатели потребно е постојано јакнење на имунитетот преку здрав начин на исхрана и здрави навики. Здравата исхрана и навиките околу неа потребно е да се присутни секојдневно.

Во овој период од годината неопходно е да внесуваме разновидна храна која ги содржи најважните витамини и минерали секако и антиоксиданси кои учевствуваат во борба со вирусните,настинкитеи бактериите.

Внесот на витамин Д е важен во исхраната бидејки спречува појава на депресија и го зајакнува имунолошкиот систем и коските

Витаминот Ц е еден од важните витамини за човековиот организам и може многу да помогне во борба со вирусите,бактериите и настинките.Исто така тој е силен антиоксидант и учевствува во многу биолошки процеси во организмот. Извори на витамин Ц се цитрусни плодови, коријандер, мајчина душица, магдонос, босилек, црвената зелка, шумските плодови, спанак, коприва

Витамин Б-најмногу е застапен во зрнестата храна како пченица, јачмен, овес, рж, се сретнуваат и во зеленчуците со зелени листови,месото од домашни птици, рибата, јајцата, јаткасти плодови и гравот.

Селен– е минерал кој е од големо значење,во организмот се внесува исклучиво преку храна,присутен е скоро во сите намирници,макари во трагови,а најприсутен е во морските плодови, рибите, особено во сардината, ракчињата и лигните. Застапен е во жолчката на јајцата каде што е присутени витаминот Е, во бразилското оревче и во јаткастите плодови.

Продукти од растително потекло кои се богатисо селен се триците, ркулци од пченица, пченка, домат, квасец, печурки, лук, црн леб, и печива направени од интегрално брашно.

Пченката претставува едно од најбогатите,а истовремно и најдостапни извори на селен.Истото се однесува и за лукот.

Освен пченката, богат со селен е и квасецот, особено пивскиот во кој не само што го има во голем аколичина, туку и се наоѓа во таква биолошки активна форма што лесно се усвојува од страна на организмот.

Цинк-е вториот најзастамен минерал веднаш по железото, потребен е за здрав имун систем, за правилна функција на тироидната жлезда, половите хормони и за одржување на нормално ниво на гликоза во крвта.

Храна богата со цинк– месо, мешунки, морска храна, семиња-сусам, тиква, сончоглед, јаткасти плодови –индиски ореви, лешници, бадеми,ореви.

Житарици (овес,ориз,киноа),

Брокули кои се богати со Витамини А,Ц и Е,антиоксиданси и растителни влакна.

Природни антибиотици лук и кромид – Поради богатството од цинк и корисни нутриенти големо количевство на витамин Ц во својот состави Б-витамини играат значајна улога во зајакнување на имунитетот и во подобрувањето на целокупното здравје поради тоа препорачувам секојдневно да бидат застапени во исхраната.

Уште една намирница која значително помага во многу состојби во организмот со своето антиинфламаторно и антиоксидативно дејство помага и во подобрување на имунитетот е ѓумбирот.

Кефирот е идеален ферментиран напитокзаимуниот систем,содржи здрави пробиотски култури, добар е за дигестивното здравје и подобро варење на храната,поради содржината на триптофан го подобрува и расположението.

Спанак-кој е богат со есенцијални нутриенти-флавоноиди, каротеноиди, витамин Ц, витамин Е значително може да помогне во зајакнување на имунитетот.

Риба – употребата на риба овозможува внес на омега 3-масни киселини на организмот, селен, витамин б12, ниацин, фосфор, магнезиум, Б6 витамин, фолна киселина, витамин Д.

Цитрусни плодови –тие се најголем извор на витамин Ц имаат антибактериско,антиинфламаторно својство и клучна улога за зајакнување на имунитетот.

Каква исхрана е потребно да внесуваат луѓето кои имаат настинки, вирусни инфекции?

-Со променливото време очекувано е и поголемо присуство на бактериски и вирусни инфекции.

Во период на настинка потребно е да се внесува храна богата со антиоксиданси ,витамини и минерали кои секојдневно ни се достапни преку сезонскиот зеленчук, овошје, мешунките и јаткастите плодови.

Идеални оброци се топлите чорби, особено пилешката или чорба од домати природно цедените сокови богати со витаминии минерали чаевите (нане, маточина, хибискус), ферментирани производи (кефир, кисело млеко, зелка, комбуха) и голема количина на свежо овошје и зеленчук кое изобилува со антиоксиданси.

Оброците да бидат на помало временско растојание и да се внесува храна почесто и помалку и мегу секој оброк да се внесе напиток кој ке ја одржи хидрадацијата.

Силниот имунитет ни помага да останеме здрави. Здравата и избалансирана исхрана игра голема улога во зајакнување на имуниот систем, секојдневното внесување на одредена група на намирници може значително да помогнево зајакнување на имунитетот инадминување на многу здравствени состојби.

Каква храна треба да конзумираме во ладните зимски денови за да не загрее?

Секоја храна или намирница има своја улога и дејство во нашиот организам,некој намирници преку нивното метаболизирање во нашиот организам постигнуваат процес на термогенезасо што го загреваат телото.

Некои намирници кои може да се постигне овој процес се:

Црвено месо е богато со железо,еден од најважните минерали кој помага во транспорт на кислород во крвта и Б12.

Индиски ореви– со внесување на неколку јаткасти плодови во текот на денот ќе му помогнеме на телото да се загрее и истовремено да си го зачуваме здравјето во текот на ладните денови со внесените нутриенти.

Лута пиперка-содржината на растителни влакна,јаглехидрати протеини и масти како и витамини и минерали и капсицин придонесуваат за загревање на телото,циркулација и зајакнување на имунитетот.

Црн бибер-има корисен ефект врз циркулацијата на крвта,варењето на храната и го регулира метаболизмот.

Куркума-на кој главна состојка е куркумин- кој има антивоспалителни својства и се смета за еден од најсилните антибиотици.

Ѓумбир-ја поттикнува циркулацијата,го храни организмот и го поттикнува ослободувањето на енергија,воедно ја поттикнува и будноста и ја зголемува енегијата.

Цимет-природен антиоксиданс кој го загрева телото,ја зголемува телесната температура,го зголемува протокот на крв и го поттикнува метаболизмот.

Р.Т.

Поврзани вести

Нутриционист посочува пет причини зошто треба често да јадеме боровинки

Radmila Tasevska

Дали пиете доволно вода: Пет начини да бидете сигурни дека сте хидрирани

Radmila Tasevska

Најголемите митови за сончевите изгореници

Radmila Tasevska