СТАНДАРД life
МК Сцена

Калиопи со детали за трагедијата на нејзиниот концерт

Пејачката Калиопи во саботата го откажа концертот во MTS Dvorani, откако една жена почина пред нејзиниот настап.

Како што објавија медиумите, станува збор за лице кое пејачката го познавала, а овој немил настан ѝ бил особено тежок.

Калиопи сега проговори за ова и истакна како се чувствува.

„Зборувам во името на сите нас кои тажно и трагично ја доживеавме трагедијата. Најтажниот момент во мојата кариера. Голем шок за сите нас. Концертот уште не беше почнат, чекавме сите да влезат, да се наполни салата и да го славиме животот, а една од нив беше и госпоѓата која почина. Веднаш се симнав во публиката и сфатив дека имаме сериозен случај“, изјавила таа во емисијата „Премиера – викенд специјал“, пренесе „Блиц“.

„Публиката се неверојатни луѓе, сите се молеа да се случи чудо, но за жал, тоа не се случи. Еден живот вреди повеќе од сто концерти. Концертот го одложуваме и наскоро ќе биде објавен новиот датум. Во име на целиот мој тим, сакам да упатам сочувство до целото семејство. Госпоѓата е само една година постара од мене, не е од Македонија, таму беше и нејзината ќерка, се грижевме за неа, додека остатокот од семејството не дојде на лице место. Горда сум на нашиот народ и драгите луѓе кои беа во салата, сите го напуштија просторот кога тоа беше побарано поради кислород за пациентот. Жената е мајка на моја обожавателка и не би го открила нејзиниот идентитет. Кога ќе се случи нешто толку страшно, не знам кој сака да танцува. И наша должност беше да покажеме почит кон семејството. Се надевам дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори“, додала Калиопи.

Поврзани вести

📸5.000 танчери во Арена Борис Трајковски! Извонреден почеток на IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024

Urednik

„Домаќинство за почетници“ влезе во селекција за Европските филмски награди

Urednik

📷Тамара по повод 6 години од смртта на Влатко Илиевски: „Очајно си ми потребен“

Urednik