СТАНДАРД life
Здравје

Евтина храна која може да го намали ризикот од дијабетес

Дијабетесот е сериозна состојба која погодува милиони луѓе, но истражувањата покажуваат дека можете да ги намалите шансите за развој на болеста со избирање одредена храна и избегнување на другa.

Тоа предизвикува нивото на шеќер во крвта да стане превисоко поради проблеми со начинот на кој телото го произведува хормонот инсулин, кој ја разградува гликозата.

Сепак, некои намирници можат да помогнат да се намали ризикот.

Грозје

Грозјето може да ги намали вашите шанси за развој на дијабетес за десет проценти, покажува студија.

Студијата објавена во „Korean Journal of Family Medicine“ ги следела навиките во исхраната на возрасните на возраст од 40 до 69 години, кога било откриено дека една порција грозје неделно го намалува ризикот од дијабетес, но дека порција од кое било друго овошје ги зголемува шансите за два отсто.

– Нашите наоди укажуваат на поврзаност помеѓу консумацијата на одредени овошја и ризикот од развој на дијабетес тип 2. Поголемата консумација на грозје беше значително поврзана со помал ризик од дијабетес тип 2 во нашата студија. Сепак, вкупната количина на консумирано овошје не беше поврзана со намален ризик, рече Хоџун Иу, од Националната универзитетска болница во Сеул.

Кафеав ориз

Замената на скробните јаглехидрати со цели зрна е исто така поврзана со намален ризик од дијабетес.

Јадењето бел леб, бел ориз и зашеќерени житарки за појадок познати како рафинирани јаглехидрати се поврзани со зголемен ризик од дијабетес тип 2. Но, цели зрна како кафеав ориз, тестенини од цела пченица, брашно од цели зрна, леб од цели зрна… тие се поврзани со намален ризик.

Студијата, цитирана од „The ​​Sun“, покажа дека јадењето повеќе обични цели зрна значително го намалува ризикот од развој на дијабетес. Две или повеќе порции кафеав ориз неделно го намалуваат ризикот за 12 проценти, во споредба со само една порција месечно.

Чили пиперки

Љубителите на зачинета храна можеби веќе го намалуваат ризикот од развој на дијабетес без да го знаат тоа. Имено, откриено е дека капсаицинот, хемикалија која се наоѓа во лутите пиперки, го намалува нивото на гликоза во крвта. Студијата, објавена во „Journal of Agricultural and Food Chemistry“, покажа дека оваа хемикалија помага да се зголеми нивото на инсулин кај стаорци со дијабетес.

– Се покажа дека лутите пиперки делуваат против дебелина, антиканцерогени се и антидијабетични. Тие исто така ја ублажуваат болката и чешањето кај животните и луѓето. Овие ефекти се должат на капсаицинот, кој е главната лута и биолошки активна компонента на пиперките – објасни кинескиот професор Шики Џанг, од Југозападниот универзитет во Чонгкинг.

Наут

Како и кај интегралните житарки, мешунките како наут може да помогнат во намалување на ризикот од дијабетес со зголемување на количината на влакна во вашата исхрана. Наутот ја има и дополнителната придобивка од тоа што е полн со протеини, што ве одржува сити подолго време и ги намалува шансите за дебелина – клучен фактор на ризик за дијабетес.

Студијата, објавена во „Journal of Food Science and Technology“, покажала дека жените кои јаделе наут имаат до 36 отсто помал шеќер во крвта од оние кои јаделе бел леб. Тие исто така биле помалку гладни после оброк.

– Консумирањето наут е корисно за контролирање на гликемијата и може да помогне во контролата на телесната тежина со потиснување на апетитот и внесот на енергија – објасни Таслем Зафар, од Универзитетот во Кувајт.

Јогурт

Јогуртот е главен елемент на речиси секој појадок, а истражувањата покажуваат дека една од неговите многубројни здравствени придобивки е намалениот ризик од дијабетес. Студијата објавена во „Journal of Nutrition“ покажа дека консумирањето 80 до 125 g јогурт дневно го намалува ризикот од болести за 14 проценти кај оние кои го пиеле, во споредба со луѓето кои не го пиеле.

– Консумацијата на јогурт може да го намали ризикот од дијабетес тип 2 кај здрави и постари возрасни лица со висок кардиоваскуларен ризик – заклучува Салас-Салвадо Жорди, од Центарот за здравствени истражувања „Пере Вирџили“ во Шпанија.

Ако сте на работ на дијабетес, ова е најдобрата храна што можете да ја јадете

Поврзани вести

Дали знаете зошто не треба да пиете кафе кога сте мамурни?

Radmila Tasevska

Кога лошиот здив е знак дека треба да посетиме лекар?

Urednik

Дали треба да пиете мултивитамини со кафе?

Radmila Tasevska