Дали ви е жешко и мразите да останете предолго во кујна за еден ручек? Дали би сакале да јадете нешто хранливо, солено и крцкаво, но не премногу тешко и калорично?
Ве разбираме.
Затоа го подготвивме совршениот рецепт за овие летни горештини – рендани пржени тиквички. Со салата или сос по ваш избор, можеби малку сирење, имате ручек или вечера што сите ќе ја сакаат.
Состојки:
* 2 средни тиквички
* 2 јајца
* 4-5 лажици брашно
* 100 гр ситно сечкана шунка и сланина
* 1 лажица кисела павлака
* малку прашок за пециво
* сол по вкус
Мешавина за пржење:
* 2 јајца
* 200 грама брашно
* 200 грама презла
Подготовка:
Измијте ги и излупете ги тиквичките, а потоа изрендајте ги и посолете ги по вкус. Оставете ги да отстојат малку.
Кога ќе пуштат вода, исцедете ги и префрлете ги во друг сад, па додадете ги јајцата, павлаката, ситно сечканата шунка и сланина, прашокот за пециво и брашното.
Сето убаво измешајте да се соедини убаво во смесата. Ако се премногу водени, додадете уште малку брашно.
Обликувајте ги во мали стапчиња и ставете ги во замрзнувач неколку минути да се стегнат.
Во меѓувреме подгответе ја смесата за панирање. Во едниот сад измешајте ги јајцата, брашното и водата, а во друг презлата.
Во тавчето се става маслото да се загрее, ги вадиме тиквичките од замрзнувач и ги ставаме прво во смесата за пржење, па ги валкаме во презлата и ги префрламе во врелото масло.
Свртете ги додека не поруменат од двете страни и извадете ги на хартиена крпа за да се впие вишокот маснотии.
Послужете со салата или сос или убави парчиња (фета) сирење.
На здравје!