СТАНДАРД life
Храна

Солени мафини со ајвар

Солените мафини со ајвар го комбинираат богатиот и карактеристичен вкус на ајварот со мекоста на бисквитите.

Оваа комбинација на слатки пиперки, чаден модар патлиџан и зачини ги прави неодоливи и уникатни кога се во прашање вкусовите.

Но, вкусот на овие мафини не е нивната главна предност: рецептот за овие мафини е релативно едноставен и брз за подготовка.

Ова значи дека можете брзо да направите вкусна закуска или прилог за оброк.

Состојки:

* 3 јајца
* 1/2 лажичка сол
* 1 чаша јогурт (180 ml)
* 100 мл масло
* 200 грама брашно
* прашок за пециво
* 2 полни лажици домашен ајвар
* 2 прстофат магдонос или власец
* 50 гр трапист/некое друго сирење кое се топи

Подготовка:

Изматете ги јајцата и зачините додека не станат пенливи. Додадете ги сите течни состојки и убаво измешајте.

Додадете неколку лажици брашно, измешајте, а потоа изматете со миксер. Додека се меша, внимателно се додава една лажица брашно додека не се потроши целата количина, а смесата треба да биде мазна и без грутки.

Измешајте две лажици ајвар

Додадете ситно сечкани коцки Трапист.

Во калапот за мафини ставете хартиени корпи и истурете ја смесата. Се пече во рерна загреана на 180 степени 15 минути

Проверете со чепкалка дали се печени мафините (кога се печени чепкалката не остава трага)

На здравје!

Вегански мафини

Поврзани вести

Чизкејк со путер од кикирики! Толку е добар што ќе барате парче повеќе

Urednik

Овошен “крамбл“ со јаворов сируп

Radmila Tasevska

Плескавици од зеленчук и печурки повкусни од месо

Urednik