СТАНДАРД life
Шоубиз

Продолжението на „Барби“ под знак прашалник

Продолжението на комедијата „Барби“ не е официјално потврдено. И покрај успехот на бокс офисот, актерите Маргот Роби и Рајан Гослинг, како и режисерката Грета Гервиг, не потпишаа договори со студиото Warner Bros. да се сними продолжение.

Според магазинот „Холивуд репортер“, Гервиг и нејзините соработници одлучиле да го одложат изданието за снимање на продолжението на „Барби“ се додека се прикажува оригиналниот филм.

Приказната, која ги следи Барби и Кен на патување кон себеоткривање по егзистенцијална криза, чинеше 140 милиони долари и досега има заработено 900 милиони долари на светскиот бокс офис, филм со најдобра заработка режиран од жена.

Америка Ферера, Мајкл Сера, Вил Ферел исто така глумеа во филмот за преселувањето на Барби од Барбиленд во реалниот свет…

Поврзани вести

Не зборува со нејзиниот татко, но тоа не ја спречи Кејт Хадсон повторно да се зближи со нејзината полусестра

Urednik

Бела Хадид по две години ја раскина врската познатиот јавач на коњи 

Urednik

Ирина Шајк откри каков татко е Бредли Купер: „Тој е најдобриот татко за кој Леа и јас можевме да сонуваме“

Radmila Tasevska