СТАНДАРД life
Шоубиз

(ФОТО) „Повторно се родив преку тебе“: Дилета Леота роди ќерка

Дилета Леота го роди своето прво дете на својот 32 роденден, а со своите следбеници веќе сподели неколку фотографии од болницата. Таа и партнерот Лорис Кариус ја нарекоа малата Арија.

„Денес повторно се родив преку тебе. Добредојде, Арија. Ти си најдобриот подарок што можевме да го побараме“, изјави спортската новинарка, а на фотографиите може да се види како го држи бебето во раце додека германскиот фудбалер ја бакнува на челото. Тој ја развесели својата наследничка со чоколадна торта со една свеќа.

Инаку, Леота ја потврди врската со Лорис со фотографии од новогодишната ноќ. Тие позираа гушнати еден со друг пред златни и бели балони, а голманот и подари на Дилета бакнеж во образ.

Пред него новинарката беше во врска со турскиот актер Џан Јамана. Таа претходно беше поврзувана со друг фудбалер. Се шушкаше дека таа е љубовница на познатиот Златан Ибрахимовиќ.

Поврзани вести

Синот Пакс за Бред Пит: „Ти ни го направи животот пекол. Се тресевме од страв“

Radmila Tasevska

Кејт Мидлтон пристигна во Шкотска во очекуваната боја – кралско сина (ФОТО)

Urednik

„Се извинувам за моето пријателство со Епстин“: Норвешката принцеза ги моли кралот и кралицата за прошка

Urednik