СТАНДАРД life
Шоубиз

Бритни Спирс и Сем Ашгари се разведуваат

Бритни Спирс и Сем Ашгари се разведуваат по 14 месеци брак, дознава магазинот „Пипл“. Парот, кој се запозна на снимањето на спотот на Бритни „Slumber Party“ во 2016 година, се венчаа во јуни минатата година со 60 гости, меѓу кои и Дру Баримор, Мадона, Парис Хилтон и Селена Гомез.

Сепак, од март оваа година почнаа да кружат гласини дека парот има проблеми во бракот, што претставниците на Ашгари го демантираа, иако парот беше фотографиран на различни локации без бурми.

Кога Спирс се свршила со Ашгари, таа сè уште била во системот на старателство, каде што не можела сама да донесува големи животни одлуки без согласност на нејзиниот татко и другите старатели. Меѓутоа, во меѓувреме успеала на суд да се избори за својата независност. Во сведочењето во тоа време, Спирс изразила желба да се омажи за Ашгари и да има повеќе деца, но рече дека не може да го стори тоа бидејќи нејзините финансии, како и сите други аспекти од нејзиниот живот, биле под контрола на нејзините старатели, вклучувајќи го и нејзиниот татко, Џејми Спирс. Во декември 2021 година, еден месец по завршувањето на старателството, судијата ѝ даде дозвола на Бритни сама да ги потпишува документите, што значеше дека таа може да влезе во нејзиниот трет брак.

Таа во 2004 година беше во брак со својот прв сопруг Џејсон Александар само 55 часа, по што се разведоа. Таа беше во вториот брак со танчерот Кевин Федерлајн од 2004 до 2007 година, а со него имаше два сина – Шон и Џејден, над кои по разводот таткото со судска одлука го доби старателството. Variety пишува дека Бритни сега се подготвува за развод од Ашгари и ангажирала „дрим тим“ од адвокати, меѓу кои и Метју Розенгарт, адвокатот со чија помош се стекнала со независност.

Таблоидот ТМЗ во јуни 2022 година напиша дека Бритни и Сем потпишале предбрачен договор, што значи дека во случај на развод, Ашгари нема да добие ништо од парите што Бритни ги заработила пред нивната венчавка. Според магазинот „Форбс“, Бритни Спирс има богатство од 60 милиони долари, додека богатството на Ашгари се проценува на еден милион. Пред неколку месеци беше објавено дека првите мемоари на Бритни, за кои таа доби 15 милиони долари од издавачот, наскоро ќе ја види светлината на денот.

Ниту Спирс ниту Ашгари не ја коментираа веста за разводот.

Поврзани вести

Последното збогување на Сандра Булок со својот сакан

Urednik

Кетрин Зета-Џонс во костим за капење импресионира со нејзината исончана кожа и згодното тело

Urednik

📷Никој не е толку добар како неа: Жешки игри на брановите со убавата Хајди Клум

Urednik