СТАНДАРД life
Шоубиз

(ВИДЕО)Кајли Џенер и Тимоти Шаламет ја потврдија својата врска пред преполн стадион

Роденденскиот концерт на глобално популарната Бијонсе Ноулс кој го одржа на стадионот СоФи во Лос Анџелес не го пропуштија бројни светски ѕвезди. А освен принцот Хари и Меган Маркл, кои одлично се забавуваа на концертот, овој спектакл не го пропушти ѕвездениот тим на инфлуенсери.

Таму беше брачниот пар Хејли и Џастин Бибер, како и сестрите Џенер, Кендал и Кајли. Токму Кајли Џенер стана главна вест по концертот, а во моментот кога во јавноста протекоа снимки и фотографии, каде што стана јасно дека нејзината врска со холивудскиот актер Тимоти Шаламет не е само гласина.

Имено, во април оваа година почнаа гласини дека Кајли Џенер и Шаламет се во врска, но немаше официјална потврда, ниту пак имаше заеднички фотографии кои би можеле да ја поткрепат таа приказна.

Но, по концертот на Бијонсе, каде се забавуваа во ВИП-ложата, се е јасно. Кајли и Шаламет се однесувале како да се сами на светот, не се грижат ниту за погледите, ниту за камерите. Сè е снимено од репортерот Крис Гарднер и објавено на социјалната платформа Х, односно поранешниот Твитер.

Поврзани вести

Ѕвездата на „Опенхајмер“: „Ми рекоа дека морам да ослабам ако сакам да успеам како актерка…“

Urednik

Вил Смит не живее со сопругата седум години – Ова е причината!

Radmila Tasevska

📸 Канје Вест не запира: Тој објави уште една бизарна и полугола фотографија од сопругата

Radmila Tasevska