СТАНДАРД life
Шоубиз

Натали Портман за нејзината прва улога: „Деца не треба да работат во Холивуд“

Натали Портман (42) ја започна својата долга филмска кариера кога имаше само 12 години – со улога во филмот на Лук Бесон, „Léon: The Professional“. Сепак, оскаровката смета дека деца не треба да работат во Холивуд.

– Не би ги охрабрилa младите да го прават ова. Мислам дека никогаш, но додека се уште се деца, не – изјави актерката неодамна за Variety.

Сепак, Портман не жали што актерската кариера ја започнала во предпубертетските години бидејќи нејзините родители можеле да се грижат за неа додека била на снимање.

– Се чувствувам среќna што не бев повреденa, но заслугата за тоа им ја припишувам на моите премногу заштитнички, прекрасни родители. Не ви се допаѓа кога сте дете, но сте благодарни кога ќе пораснете. Слушнав премногу лоши приказни и мислам дека децата не треба да бидат дел од тоа – објаснила таа.

Актерката претходно зборуваше во подкастот „Dax Shepard’s Armchair Expert“ за нејзиниот тинејџерски живот кога веќе беше во центарот на вниманието.

Спомна дека бидејќи имала 12 години на снимањето на Леон, „не и дозволиле да се изрази онаква каква што е“.

– Сексуализацијата во детството ми ја одзеде сопствената сексуалност затоа што се плашев – додаде тогаш таа.

Во 2018 година, Портман се присети како мажите прекумерно ја сексуализирале кога била тинејџерка.

– Дел од тоа произлегува од самите улоги и начинот на кој се напишани, а дел од пишувањето на критичарите и новинарите. Се сеќавам, имав околу 13 години и го прочитав описот на филм во кој бев, а моите гради беа спомнати таму – изјавила Натали која усвоила некои одбранбени механизми, како на пример одбивање улоги кои вклучуваат секс.

ТОЛКУ ЖЕНСТВЕНО: Фустан кој им одговара на сите без разлика на ВОЗРАСТА И ОБЛИКОТ НА ТЕЛОТО

 

Поврзани вести

Емили Блант за улогата што ја одби и поради која изгуби 80 милиони долари: „Најдобрата девојка ја доби“

Urednik

🎥Како изгледа внатрешноста на продавница со потпис на Анџелина Џоли

Urednik

Започна снимањето на филмот во режија на Џони Деп со Ал Пачино во главната улога

Urednik