18.8 C
Скопје
20 септември, 2026
СТАНДАРД life
Храна

Рецепт за најпопуларниот германски коктел

Gin Basil Smash е коктел направен од џин, босилек и свеж сок од лимон, по моделот на популарниот Whisky Smash. Варијација на темата со џин ја измислил пред 15 години Јорг Мајер, сопственик на германскиот бар „Бар Ле Лајон“ во Хамбург, кој го објавил рецептот на својата веб-страница.

Со текот на времето, коктелот стана вистински хит меѓу Германците, а потоа и во остатокот од светот. Покрај џин, босилек и лимон, ќе ви треба и едноставен сируп, незаменлива состојка во бројните коктели. Лесно можете да го направите така што ќе загреете еднаква количина на вода и шеќер и мешајќи додека не се раствори шеќерот. Потоа тргнете го од оган, изладете и употребете по потреба, вели Full Suitcase.

Состојки:

* 8 до 10 големи листови босилек
* 75 мл џин
* 22 мл сок од лимон
* 22 мл едноставен сируп (мешавина од вода и шеќер)
* мраз

Подготовка:

Листовите босилек ставете ги во шејкер за коктели и лесно издробете ги.

Додадете џин, сок од лимон и едноставен сируп во шејкер за коктели. Додадете два грста мраз и протресете за да се излади.

Напитокот процедете го во чаша полна со мраз. По желба истурете малку сода вода. Украсете со дополнителни листови босилек.

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт за посна сарма со ореви

Urednik

🎥Сосот на Џејми Оливер е гаранција за сочно и неодоливо вкусно печење

Urednik

Рецепт за домашен колач од корнфлекс со чоколадо

Urednik