СТАНДАРД life
Храна

„Сос од милион долари“ – раскошно мезе кое ќе ги воодушеви сите

Доколку сте подготвени да e oтргнете од класичните празнични јадења и сакате да го збогатите менито со кое ќе ги пречекате вашите гости со нешто модерно, ви носиме рецепт за мезе кое ќе остави незаборавен впечаток.

Станува збор за т.н „сос од милион долари“, познат и како Neiman Marcus сос, кој е крем сирење и збогатен со ароматична комбинација на лук и панцета, како и малку неочекуваните, но толку вкусни додатоци, бадеми и рендан чедар.

Овој неодолив сос е создаден во 1950-тите, но и покрај неговата богата традиција, неговата неочекувана текстура и уникатен вкус се многу модерни и денес.

Голема предност е неговата исклучително едноставна подготовка, за која ви се потребни само неколку состојки и околу десет минути време за подготовка, а потоа ви преостанува само да уживате во ефективно сервирање користејќи дел од шарените состојки.

Состојки:

* 230 гр крем сирење, омекнат
* 3/4 чаша кисела павлака
* 3/4 чаша мајонез
* 1/4 лажичка лук во прав
* 1/4 лажичка кромид во прав
* 3/4 чаша сечкана крцкава панцета (околу 8 парчиња)
* 1/2 чаша млад кромид
* 1/2 чаша пржени (препечени) сечкани бадеми
* Околу 2 чаши рендан чедар

Подготовка:

Во голем сад за матење изматете го крем сирењето на мала брзина додека не се изедначи целосно. Додадете павлака, мајонез, лук во прав и кромид во прав; мешајте додека сè не се соедини.

Оставете 1 до 2 лажици сланина, млад кромид и бадеми за посипување на сосот.

Додадете ја преостанатата сланина, зелениот кромид, бадемите и чедарот; мешајте додека не се растопи во една целина.

Одозгора ставете сланина, кромид и бадеми за декорација.

На здравје!

Направете сами сос од песто: Полесно е отколку што мислите

Поврзани вести

Рецепт леб што треба да го јадат жените во педесеттите години

Urednik

Пилешко во кари: Брз ручек за крајот на работната недела

Radmila Tasevska

Есенски рецепт за рижото од црвено радикио

Urednik