СТАНДАРД life
Балкан микс

🎼Беше најбараната манекенка во Југославија, а остана запаметена по бурната врска со Бреговиќ, кој и го посвети својот голем хит!

Поранешната манекенка Љиљана Тица ги освои сите со својата убавина и природен манекенски од, па околу неа се насобраа многу модни куќи.

Имала можност да заплива во филмските води, па во 1976 година глумела во филмот „Љубовта на војникот“. Таа беше заедно со Воја Брајовиќ, Драгомир Бојаниќ Гидра и Александар Берчек.

Многу мажи сакале да го освојат нејзиното срце, но ретко кој успеал.

Првата младешка љубов ја имаше со Момо Јаковљевиќ, денешен хирург во Србија. Сепак, нејзиниот живот го одбележа врската со музичарот Горан Бреговиќ.

Љиљана беше голема ѕвезда и Горан едноставно не можеше да одолее на нејзината убавина и шарм. Тие беа заедно две години, а откако раскинаа на површина исплива вистината за нивната врска.

Српските медиуми пишуваа дека Брега побегнал од неа, но сепак ѝ ја посветил песната „Битанга и принцеза“.

Во неколку наврати и самата Тица призна дека двајцата имале бурна врска. Тие раскинаа бидејќи таа била многу љубоморна и посесивна.

Таа победи на натпреварот „Елит“ и беше заштитно лице на магазинот „Базар“ и отпатува на светскиот натпревар во Акапулко. Ова и отвори врати во многу модни куќи, од кои најатрактивна беше германската, поради што се пресели таму.

На свечен настан запознала маж за кој подоцна се омажила, а тој во тоа време бил и директор на магазинот „Elle“. Тие се венчаа во 1987 година на Хвар, каде што се одржа црковната венчавка.

На 46-годишна возраст, таа го роди синот Лени и тоа беше многу среќна вест за нивното семејство. Оттогаш нејзиниот живот доби сосема нов правец, а денес Љиљана работи во гастрономијата.

Поврзани вести

„СТРАШНА БОЛКА И СТРАШЕН ПРОЦЕС! Марија Шерифовиќ во агонија по естетска корекција

Urednik

Ана Николиќ пред да почне да пее се занимавала со овој бизнис: „Заработив две-три плати на мајка ми и татко ми“

Radmila Tasevska

📸 Северина се пофали со фотографија во костим за капење, ја опсипуваа со комплименти

Radmila Tasevska