СТАНДАРД life
Храна

Чоколадна торта со портокали

Идеален десерт за студените есенски и зимски денови. Меки и сочни залаци ќе ви го освежат денот:

Состојки:

За кората:

* 6 јајца
* 6 лажици шеќер
* 4 лажици брашно
* 1 кесичка прашок за пециво
* 4 лажици какао во прав
* прстофат сол

За полнење:

* 3 кесички пудинг од чоколадо
* 200 гр трпезен маргарин
* рендана кора од еден портокал
* 4 лажици шеќер
* 700 мл млеко
* 150 гр темно чоколадо

За прелив:

* сок од два портокали
* 3 лажици џем од портокал

За чоколаден ганаш:

* 280 мл слатка павлака
* 150 гр темно чоколадо

Подготовка:

Белките се матат убаво со прстофат сол. Постепено со континуирано матење се додава шеќерот и на крај жолчките. Постепено се додаваат сувите состојки, односно се додава претходно измешаното брашно со прашокот за пециво и какаото.

Истурете во сад за печење претходно обложен со хартија за печење. Се пече околу 30 минути во рерна загреана на 180 степени. Потоа, кога ќе се излади, се сече на две или три кори.

Сварете го пудингот и додека е уште топол додадете го искршеното чоколадо да се растопи. Во изладениот пудинг додадете го изматениот маргарин и ренданата кора од портокал.

Направете го преливот мешајќи го сокот од портокал со џемот. Добро измешајте ја смесата за преливот.

На првата кора рамномерно прелијте половина од приготвениот прелив, па премачкајте го филот. Преклопете ја втората кора, прелијте ја со преливот и премачкајте го преостанатиот фил. Повторете сè додека не го потрошите материјалот.

Направете ганаш со топење на скршената чоколада со слатка павлака. Рамномерно прелијте ја целата торта.

На крај декорирајте со рендана кора од портокал или со исечкани портокали.

На здравје!

Сочен колач со прелив од портокал

Поврзани вести

Идеја за совршен летен ручек: Рендани пржени тиквички

Urednik

Кечап или сенф: Кој сос е поздрав?

Radmila Tasevska

Ова е најздравата храна на светот, а можете да ја одгледувате и на вашиот балкон

Urednik