СТАНДАРД life
Храна

Вкусни колачиња со какао и бадеми ќе станат омилената закуска на вашето семејство

Се ближат постудените денови кога повеќето уживаат во топлината на домот, под ќебе и со добар филм или серија.

Овие колачиња се идеални како слатка закуска токму за такви моменти.

Состојки:

* 200 гр бадемово брашно
* 150 гр шеќер
* 1,5 лажици какао во прав
* 2 белки
* 1 лажичка екстракт од ванила
* бланширани бадеми

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Подгответе плех за печење и обложете го со мрсна хартија.

Прво измелете го шеќерот во блендер. Нема да ви треба шеќер во прав, но кристалите треба да бидат помали отколку што се. Измешајте го бадемовото брашно со шеќерот во прав и какаото.

Во друг сад изматете ги белките во пенеста смеса, но не  да бидат како снег. Додадете екстракт од ванила и измешајте. Потоа додадете ги сувите состојки во белките и убаво измешајте.

Формирајте топчиња со дијаметар од 3 см и распоредете ги на плехот со растојание од 5 см. Во секое топче притиснете половина бланширан бадем.

Печете ги бисквитите до 15 минути. На средина на печењето свртете го плехот за да се испечат сите рамномерно.

Оставете ги бисквитите да се изладат пред да ги послужите.

На здравје!

РЕЦЕПТ: Алмондини – колачиња кои имаат незаборавен вкус!

Поврзани вести

Што има повеќе кофеин – шолја кафе или чај?

Radmila Tasevska

Направете го овој омилен топол напиток од вашето детство и уживајте

Urednik

Лиснато тесто со тиква и спанаќ

Urednik