СТАНДАРД life
Шоубиз

Блејк Лајвли го исмејуваше сопругот Рајан Рејнолдс: „Најди подобар дечко на Инстаграм од мене…“

Еден од најхармоничните холивудски парови Блејк Лајвли (36) и Рајан Рејнолдс (47) ги насмевнуваат следбениците со својата хумористична врска. Актерката сега се пошегува на сметка на вежбањето на нејзиниот сопруг во теретана.

– Најдете си подобар дечко на Инстаграм од мене. Ќе почекам – напишала актерката покрај фотографија на која Рајан позира.

Рејнолдс неодамна наполни 47 години и постојано работи на својот изглед, а актерката покажа какви лица прави Рајан додека крева тегови.

Со завидна линија може да се пофали и Блејк која во февруари годинава го роди своето четврто дете.

Блејк Лајвли
Блејк Лајвли

Успешната двојка е во брак од 2012 година, а покрај деветмесечното бебе, ги имаат и ќерките Џејмс (8), Инез (7) и Бети (4).

4 правила за воспитување на деца на кои се придржува Блејк Лајвли

Поврзани вести

Џенифер Лопез тврди дека нејзиниот сопруг Бен Афлек е „многу среќен“

Urednik

Бритни Спирс за прв пат во јавноста по објавувањето на нејзините мемоари: Беше во друштво со маж, а еве кој е (ФОТО)

Radmila Tasevska

Кит Ричардс против рапот и поп музиката: „Секогаш беше ѓубре, тоа е суштината на се…“

Urednik