СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Видео) Турбулентната врска има среќен крај: Ана Николиќ се сврши, Рале ја запроси облечен во гаќи!

По турбулентните периоди во нивната бурна врска, исполнета со раскинувања, смирувања, пријавувања во полиција, јавни навреди и испади, изгледа дека Ана Николиќ и Рале не можат еден без друг.

Српската пејачка Ана Николиќ и нејзиниот емотивен партнер, композиторот Горан Ратковиќ – Рале, наводно се свршиле, судејќи според снимката што веќе наголемо се шири на социјалните мрежи. Според пишувањата на српските медиуми, Рале ја запросил Ана во куќата на Авала, во опуштена и домашна атмосфера.

Тој бил облечен најлежерно – во маица и долна облека, што дополнително го привлече вниманието на јавноста. Сцената делувала интимно и спонтано, без гламур и голема помпа, како што пренесуваат медиумите.

 

@saledasezna1 #ananikolic #rale #estrada #foryoupage #foryou ♬ izvorni zvuk – ✨SALE✨

Сепак, љубопитноста дополнително ја разгоре фактот што на снимката не се слуша дали Ана изговорила „да“. Засега не е познато дали свршувачката навистина е прифатена. Додека едни сметаат дека нејзината насмевка била доволен одговор, други коментираат конечниот вистински одговор останува мистерија.

Останува да се види дали ова навистина е почеток на ново поглавје во нивната љубовна приказна или станува збор за нешто сосема друго.

 

Поврзани вести

Стифлер од „Американска пита“ се разведува по четири години брак

Radmila Tasevska

Роби Вилијамс 30 години боледува од депресија: „Сите знаеја – не им беше грижа“

Urednik

(Фото) Меган Маркл првпат го покажа лицето на ќерката Лилибет: Девојчето е копија на принцот Хари!

Urednik