СТАНДАРД life
Шоубиз

Викторија Бекам јаде исто јадење веќе 25 години: Со Дејвид само еднаш делела оброк

Познатиот фудбалер добро се сеќава на овој настан.

Викторија и Дејвид Бекам имаат четири деца заедно, делат замок од 31 милион фунти во Лондон, раскошен живот, но не и храна. Според познатиот фудбалер, поранешната „Пош Спајс“ само еднаш јадела исто како него, а тој настан го носи во исклучително убав спомен.

Кога решил јавно да ги открие овие детали, истакнал дека таа веќе 25 години го јаде истиот ручек – риба на скара и зеленчук на пареа. Таа ретко отстапува од тоа, но секогаш максимално ужива, иако на другите им изгледа монотоно.

„Кога се во прашање храната и виното, јас сум многу емотивен. Кога нешто ми се допаѓа, сакам сите да го пробаат“, рече Дејвид во поткастот „River Cafe Table 4“ и додаде:

„Меѓутоа, јас сум во брак со некој кој јаде исто 25 години, за жал. Од кога ја познавам, секогаш има печена риба и зеленчук на пареа во нејзината чинија. Речиси никогаш не отстапува од тоа“.

Потоа, тој раскажа како тие само еднаш го поделија оброкот.

„Кога беше бремена со Харпер, зема малку храна од мојата чинијата, добро се сеќавам на тоа. Само еднаш. Тоа ми беше нешто … Неверојатно. Но, оттогаш, никогаш повеќе“, рече тој, пренесува „Мирор“.

Поврзани вести

Том Круз ја прекинал врската со 36-годишната Русинка?

Radmila Tasevska

(Фото) Никогаш не била „пожешка“: Дуа Липа во минијатурно бикини го покажа совршеното тело!

Urednik

Моника Белучи покажа што се случува зад камерата на снимање: Со неа е новиот партнер (ВИДЕО)

Radmila Tasevska