СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

Зендaја и Том Холанд тајно се венчале? Стилистот откри: „Ја пропуштивте свадбата!“

Додека со месеци кружат гласини дека холивудската актерка е бремена, во јавност одекна уште една бомбастична информација – омилената двојка на младата генерација Зендаја и Том Холанд наводно тајно се венчале!

Информацијата ја откри нејзиниот долгогодишен пријател и стилист, Ло Роуч, на црвениот тепих на доделувањето на наградите на Здружението на филмските актери што се одржа синоќа.

Додека давал изјава за „Аксес Холивуд“, новинарите го прашале кога Зендаја планира да стапи во брак. Одговорот што следел ги оставил сите без зборови: „Венчавката веќе се случи. Ја пропуштивте.“

Кога новинарите дополнително побарале потврда дали навистина зборува сериозно, Роуч низ смеа додал: „Многу е вистинито.“

Неговата изјава експресно ги „запали“ социјалните мрежи, а обожавателите почнаа да шпекулираат дали парот навистина ја крунисал својата љубов далеку од јавноста – токму во стилот по кој се препознатливи.

Зендаја и Том Холанд со години уживаат во врска која внимателно ја чуваат од медиумско експонирање. Иако често се појавуваат заедно на премиерите и јавните настани, својот приватен живот го држат подалеку од очите на јавноста.

Токму затоа, евентуалното тајно венчавање не би било изненадување за оние што внимателно ја следат нивната љубовна приказна.

Медиумите веќе се обратиле до претставниците на двајцата актери за официјална потврда, но одговор сè уште нема. Искрено, малкумина очекуваат дека ќе има – со оглед на тоа што двојката е позната по тоа што не коментира приватни теми и не се впушта во јавни деманти или потврди.

Дали навистина кажале „да“ во тајност или изјавата на стилистот била духовита игра со медиумите?

 

Поврзани вести

Џорџ Клуни за сопругата Амал: Подобро јас да готвам, таа може да не убие сите

Urednik

„Шинејд би била горда“: Ени Ленокс повика на прекин на огнот во Газа на Греми

Radmila Tasevska

Хенри Кавил сериозно повреден за време на снимањето на „Хајлендер“

Urednik