СТАНДАРД life
Шоубиз

Уапсена е жената што пукаше во куќата на Ријана: Пејачката била дома во моментот на инцидентот

Жена од Флорида е уапсена и обвинета за обид за убиство откако во неделата пукала кон куќата на пејачката Ријана на Беверли Хилс, соопшти полицијата во Лос Анџелес, пренесе „Дејли мејл“.

Осомничената е идентификувана како 35-годишната Ивана Ортиз, на која ѝ е одредена кауција од 10,2 милиони долари. Во моментот на нападот Ријана била во куќата што ја дели со партнерот, раперот АСАП Роки.

Од полицијата соопштиле дека осомничената од својот автомобил испукала повеќе куршуми кон куќата на Ријана. Според радио-дoјавата од полицијата, што ја пренесе „Лос Анџелес тајмс“, од бел автомобил „тесла“ биле испукани најмалку 10 куршуми пред напаѓачката да побегне. Во инцидентот нема повредени.

Полициски хеликоптер подоцна го забележал возилото на паркинг во населбата Шерман Оукс, каде што Ивана Ортиз била уапсена.

Извор близок до парот изјавил за Њујорк пост дека Ријана и АСАП Роки не знаат многу за позадината на нападот. Потврдено е и дека раперот не бил дома во моментот на пукањето.

Полицијата соопшти дека случајот го истражува одделот за грабежи и убиства, а мотивот за нападот засега е непознат.

Поврзани вести

Меган Фокс со непознати детали од својот живот: „Ќе ја платам секоја цена“

Radmila Tasevska

(Фото) Никогаш не си ги кажа годините: Почина легендарната дизајнерка, чии креации ги носеше и принцезата Дијана

Urednik

Адел по осум години во Европа: Препродавачи продаваат билети за неверојатни суми

Radmila Tasevska