СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Икс
Шоубиз

Почина Ерик Дејн, ѕвездата на „Вовед во анатомија“

Актерот Ерик Дејн почина на 54-годишна возраст по долга борба со амиотрофична латерална склероза (АЛС), објави ТМЗ. Тој починал синоќа во болница во Лос Анџелес, опкружен со сопругата, ќерките, пријателите и роднините.

Ѕвездата на серијата „Вовед во анатомија“ објави уште во април 2025 година дека му е дијагностицирана АЛС. Тој објасни како патот до точна дијагноза бил исцрпувачки. Со месеци одел од еден специјалист до друг, правејќи бројни тестови, сè додека неврологот конечно не му ја соопштил тешката вест.

Во текот на изминатите месеци, Дејн редовно известуваше за својата борба со прогресивната невродегенеративна болест, откривајќи дека му останала само една функционална рака и дека неговата физичка сила полека го напушта.

Поврзани вести

(Видео) Хаос на улиците во Виена: Инфлуенсер фрли 10.000 евра од балкон, луѓето се разграбаа

Urednik

(Фото+видео) „Толку е слаба што ќе колабира!“ Деми Мур шокираше со изгледот викендов

Urednik

Принцот Хари открива детаљ за својот татко по значајната средба

Urednik