СТАНДАРД life
Стил

Сензационално издание на Хелена Кристенсен – плени и во своите 50-ти години

Познатата манекенка Хелена Кристенсен и во своите 50-ти години привлекува восхитувачки погледи со младешкиот изглед и безвременската убавина.

Заносната бринета, која ја должи својата убавина на данско-перуанските корени, несомнено беше најголемата ѕвезда меѓу гостите на овогодинешната модна недела во Копенхаген, која од година во година станува се поинтересна во светот на модата поради растечката популарност на дизајнерите од далечниот север.

Хелена Кристенсен
Хелена Кристенсен

Убавицата која своевремено ја носеше титулата Мис на Данска ги красеше насловните страници на бројни модни списанија, а зад неа се безброј кампањи за најпознатите модни куќи и модни ревии.

Кристенсен, која многумина ја паметат од легендарното видео на Крис Исак „Wicked Game“ снимено во далечната 1989 година, на крајот на оваа година ќе го прослави својот 55 роденден, но и денес изгледа прекрасно.

Поврзани вести

(ФОТО) Познати дами доминираа во блескави фустани на гала забава

Urednik

📸Розовиот фустан на Блејк Лајвли ги сруши сите на земја

Urednik

Истакнати облини: Салма Хајек блесна во фустан кој ја слави женската фигура

Urednik