СТАНДАРД life
Стил

📸Изгледа сензационално: Маргот Роби плени со сексипилност на премиера на „Saltburn“

Новиот филм на наградуваниот режисер и актерка Емералд Фенел ќе се појави во светските кина на 17 ноември, а посебно внимание на официјалната премиера обезбеди Маргот Роби.

Во црната комедија „Saltburn“, австралиската ѕвезда се појавува во улога на продуцент како и нејзиниот сопруг Том Акерли, со кој ретко се појавува на црвениот тепих во Лос Анџелес.

Откако летово доминираше во изданијата инспирирани од најпознатата кукла на светот, оваа недела сервираше доза на сексипилност во сензационален фустан на модната куќа Schiaparelli.

Познат по својата авангардна мода, овој култен бренд во последните сезони ги освои љубителите на модата под креативно водство на Американецот Даниел Роузбери, вклучувајќи ја и 33-годишната Австралијка.

Маргот Роби
Маргот Роби

Нејзиниот избор беше кафен фустан од актуелната колекција, кој изгледаше како комбинација од корсет топ и волуменозно здолниште.

И додека многубројните фустани со потпис на Schiaparelli често се украсени со некои авангардни детали, фустанот што го избра австралиската ѕвезда се издвојува само со минијатурен детаљ во златна боја, модел на старинска тропалка на врата.

 

Поврзани вести

📷Џеј Ло покажа шик стајлинг, но се остана во сенка на нејзиното убиствено деколте

Urednik

Додека Џорџ Клуни не ја пушта раката на Амал, таа повторно импресионира со својот стајлинг

Urednik

Сензационален изглед: Џесика Честејн блесна во златен фустан со вртоглаво деколте

Urednik