СТАНДАРД life
Шоубиз

(ВИДЕО) Џенифер Лопез покажа како изгледа без шминка: „Ова сум јас на 54, блескава и среќна“

Џенифер Лопез е позната по своите гламурозни изданија, но овој пат реши да покаже како изгледа без шминка, а сцената ги воодушеви нејзините фанови.

Пејачката на својот Инстаграм објави видео во кое покажа како изгледа нејзината рутина за нега на лице, обраќајќи им се на фановите без трошка шминка на лицето.

„Без филтер. Целата јас. Ова сум јас на 54 години, блескава и среќна“, напиша таа покрај видеото, а фановите ја опсипуваа со комплименти.

„Имам 35 години и таа изгледа помлада од мене“, искоментирала обожавателка, додека друга вели: „Некои едноставно не можат да се справат со тоа колку си убава“.

Сепак, имаше и такви кои ја прозваа дека се уште користи филтри во видеото, но во нејзина одбрана излегоа многу обожаватели.

Како на свадба: Џенифер Лопез и Бен Афлек блеснаа во бело (ФОТО)

„Хајтери, одете си. Ние само блескаме овде“, искоментирал еден фан, додека друг сподели: „Имаш 54 години и изгледаш толку природно и убаво. Нормално е луѓето да те мразат и да ти завидуваат“.

Инаку, пејачката во видеото откри дека од раните дваесетти секојдневно се нанесува крема за сончање, нагласувајќи дека тоа треба да се започне од многу рана возраст.

Од танцување на маса до бикини: Kако Џенифер Лопез го прослави својот 54-ти роденден (ФОТО)

Поврзани вести

📸 Новиот стил на сопругата на Канје Вест е за затвор – буквално

Radmila Tasevska

Ѕвездата на хит серијата „Луди седумдесетти“ осудена на доживотен затвор

Urednik

📷Бен Афлек на Божиќен шопинг со својата, но и со ќерката на Џенифер Лопез

Urednik