СТАНДАРД life
Шоубиз

Мадона го прослави 65-тиот роденден

Иако Мадона ја надмина возраста за пензионирање во Америка, таа не мисли воопшто да забави.

Американската пејачка Мадона го прослави својот 65 роденден со своите најблиски со скромна забава во Лисабон.

Кралицата на попот изгледаше елегантно во костум со дискретен принт на Валентино од колекцијата Escape Summer 2023 за нејзината годишнина. Таа носеше црн корсет од тантела со пердувести ракавици, прстени и смарагдни обетки за да го комплетира изгледот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brad (@brad_d98)

На својот профил на ТикТок, Мадона објави видео, со натпис: „Среќен роденден за мене!“

Мадона наздрави за својата 65-та роденденска забава за време на вечерата во Лисабон, Португалија, каде што често престојуваше од 2017 до 2020 година. Во видеото објавено на социјалните мрежи, мајката на шест деца е во друштво на нејзините пријатели и семејството додека одржува краток говор: „Одлично е да се биде жив!“

Поврзани вести

🎬Камерите снимија незгоден момент помеѓу кралицата Камила и Кејт Мидлтон

Urednik

Бред Пит денес полни 60 години: Има едноставни цели – да биде среќен и да остане здрав

Urednik

Лудилото на Тејлор Свифт не престанува, концертниот филм за турнејата што се уште трае ги скрши кино благајните ширум светот и ги разнесе Барби и Опенхајмер

Radmila Tasevska