СТАНДАРД life
Балкан микс

Чола кога креваше тегови! Старата фотографија на пејачот ги зачуди сите

Пејачот Здравко Чолиќ ја носи титулата најголема ѕвезда на југот, а освен добриот глас, Чола беше и во добра форма која се труди да ја одржи и денес. На страница на Инстаграм која ги негува спомените на познатите, се појави фотографија од Чолиќ од младоста, на која може да се види како пејачот вежба.

Имено, на споменатата фотографија, која е направена пред повеќе од две децении, Чола позираше во спортско издание – црвен дуксер и тренерка додека држеше тегови во рацете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @estradni.arhiv

По фотографијата следеа различни коментари. Имаше и такви кои беа изненадени од изгледот на пејачот, а други го споредија со американскиот актер Чарли Шин.

– „Чола легенда“, „Чарли Шин пропаднал“ – гласат дел од коментарите.

Да потсетиме, Чола во бракот со сопругата Александра има две ќерки кои исто така се многу популарни на социјалните мрежи, а пејачот своевремено зборуваше и за неговите методи на одгледување на наследничките.

-Таа само слика нешто. Ја казнувам, не ми се допаѓа, но не можам да и забранам. Таа е таква … Едноставно, комуницира со луѓе, сака да се слика. Се сликаат со мене. Никогаш не сум бил таков, што помалку, толку подобро. Само кога треба, за работа. А таа само телефон. Не можам да и забранам, што да и направам. Тоа е сосема поинакво отколку што беше порано. Порано мораше да ангажираш фотограф да те слика или мораше да имаш добар фотоапарат дома, а потоа чекаш да ги направиш сликите – изјави претходно Чола.

Поврзани вести

Тони Цетински за петте концерти на Александра Пријовиќ во Загреб: „Мора да имаме квалитетен одговор“

Urednik

📸 Северина со мустаќи од Тајланд: „Потребна ми е депилација“

Radmila Tasevska

📸 Првите фотографии од уништениот автомобил на Ѓорѓе Давид

Radmila Tasevska