16.8 C
Скопје
25 септември, 2023
СТАНДАРД life
Балкан микс

Шерифовиќ: Уморна сум од се што слушаме, во Србија сите сакаат да пеат

Во жирито во „Ѕвезда Гранда“ оваа сезона членува и српската пејачка Марија Шерифовиќ.

На почетокот на снимањето на 17-тата сезона од натпреварувањето, таа изјави дека нејзиниот однос кон кандидатите нема да се промени во однос на претходните сезони.

– Се трудам да бидам објективна. И колку стареам, толку станувам се потешка и потешка. Музиката засекогаш ќе биде број еден, тоа е некоја основа. Во принцип, уморна сум од сето она што го слушаме и сето она на што обрнувате внимание. Ме ужаснува, не е здраво и ќе стојам на моите ставови кога е во прашање оваа емисија и музиката ќе биде најважна – изјави Марија во разговор со новинарите пред почетокот на снимањето на емисијата.

Таа имаше остра порака до кандидатите кои не знаат да пеат.

– Ќе бидам своја и мислам дека тоа е најважно. Некогаш и ние велиме „нека помине“. Па што ако не знае? Оди човече, прави нешто друго, вработи се во пекара, престани да пееш и да не малтретираш, кој и да е. Во оваа земја сите сакаат да пеат, тоа ми е неверојатно. Не знам дали е ДНК или некоја грешка во кодот, појма немам – заврши Марија.

Марија Шерифовиќ: „Мајка ми повеќе нема да пее“

Поврзани вести

Милан Станковиќ фотографиран на литургија во Црна Гора: Во тренерки и широка маица – ретко кој би го препознал (ФОТО)

Radmila Tasevska

Гоца Тржан откри што бара нејзината ќерка: „За мене патиките од 700 евра се тотално фрлање пари“

Radmila Tasevska

Сергеј Четковиќ за школувањето на своите деца: Најмногу им помагам со креативни теми, уметност и музика

Urednik