СТАНДАРД life
Балкан микс

„Тоа е нечија емоција“: Здравко Чолиќ откри што прави со градниците што ги добива од обожавателките

Најголемата балканска музичка ѕвезда е миленик на понежниот пол, а еден настан сè уште се раскажува.

Здравко Чолиќ во својата кариера одржа стотина концерти, а како што неодамна објавија медиумите, на еден концерт девојка од публиката му фрлила градник.

Многумина ги интересираше каде завршуваат градниците во вакви ситуации.

„Обично го давам тој градник на мојот тапанар, тоа многу пати се случува. Тоа е убав настан. Тоа е нечија емоција и убаво е кога ќе го добиеш среде концерт. Недај боже поради тоа да го прекинам концертот“, изјави пејачот за „Блиц“.

Со сопругата Александра се во брак 22 години, а еднаш таа беше мета на обожавателките на Чола.

„Поминав и доживеав многу во мојот живот. Еднаш една обожавателка ја нападна мојата сопруга со нож и ѝ го исече лицето. Сандра се поттргна, но сепак малку ја исече, за среќа без поголеми последици. Тоа беше многу одамна, но сè уште се сеќавам на тоа до ден-денес. Мојата сопруга немала други поголеми непријатности, бидејќи не се експонира, не е таков тип и верувам дека сопругата и децата треба да бидат подалеку од очите на јавноста“, вели популарниот Чола во едно интервју.

Да потсетиме дека сопругата на Чолиќ ретко се појавува во јавноста, а на интернет речиси и нема нејзини фотографии.

За разлика од сопругата, нивната постара ќерка Уна е многу активна на социјалните мрежи каде го покажува својот луксузен начин на живот, но и витката фигура со која секојдневно заработува бројни комплименти.

Поврзани вести

По 32 години Мерлин ја откри вистината за „Белград“ на Цецa: Се се случи една вечер во Сент Гален

Urednik

📸 Марија Шерифовиќ доби бебе: Пејачката ги објави првите слики со детето, па ги откри полот и името

Radmila Tasevska

Масимо на последниот концерт пееше три часа, никој не знаеше колку е болен и кој го чека зад сцената

Urednik