СТАНДАРД life
Шоубиз

(ВИДЕО) Идрис Елба е главната ѕвезда на трејлерот за првата експанзија на Cyberpunk 2077

CD PROJEKT Red (CDPR) објави нов трејлер за првата експанзија на Cyberpunk, наречена Phantom Liberty, со актерот Идрис Елба во главната улога. Експанзијата е опишана како шпионски трилер каде играчите ќе му помогнат на ликот на Елба.

Трејлерот ги прикажува настаните кои се случиле 7 години пред акцијата на самата експанзија. Тајниот агент Соломон Рид (Елба) е во воз кој заминува од Night City, откако таму бил испратен од разузнавачкиот аналитичар Сонг Со Ми, познат како Songbird.

Сонг изгледа отсутен за време на неговиот разговор со Рид, а наскоро дознаваме и зошто – Рид бил испратен во воз да биде убиен од група платеници. Седум години подоцна, Сонг и претседателката Розалинд Мајерс се во авион што се урива во населбата Догтаун во Night City, каде што е поставена експанзијата.

Иако самата игра нема да изгледа толку детално, фановите се воодушевени од неверојатните детали и приказна во трејлерот. „Кажете што сакате за CDPR, но тие пишуваат одлични приказни. Ова е еден од најдобрите трејлери досега“, „Cyberpunk трејлерите никогаш не ме разочарале“, „Ова е одлично, секоја чест на тимот што работеше на трејлерот“, се само неколку од коментарите на видеото.

Cyberpunk 2077: Phantom Liberty ќе биде достапен за играње од 26 септември, а веќе може да се нарача на Steam за 29,99 евра. Проширувањето доаѓа 5 дена по долгоочекуваното ажурирање 2.0, кое ќе го промени начинот на играње на Cyberpunk 2077.

Поврзани вести

📸 Кој е 40-годишниот Акала, наводното ново момче на Анџелина Џоли?

Radmila Tasevska

Стифлер од „Американска пита“ се разведува по четири години брак

Radmila Tasevska

Принцот Хари изгуби контакт со сопствениот кум: Дали сите му свртеа грб?

Urednik