СТАНДАРД life
Стил

Непогрешлива комбинација: Џенифер Лопез има есенски стајлинг кој вреди да се ископира

Откако го помина поголемиот дел од август во Европа, каде што го комбинираше одморот на луксузни јахти со снимање реклами за нејзиниот бренд за пијалоци, Џенифер Лопез се врати во Лос Анџелес и веднаш приреди инспиративен есенски стајлинг.

И додека последниве денови ја гледавме во женствени фустани и заводливи бикини, вчера кога одеше на состанок покажа импресивен деловен аутфит вреден за копирање.

Џенифер ЛопезЏенифер ЛопезЏенифер Лопез

Станува збор за комбинација од тренди широки фармерки и вечната класика на минималистичка гардероба, бела кошула, која таа ја носеше усогласена со елегантен блејзер со боја „темно чоколадо“.

Стајлингот го заокружи со црни чевли на високи потпетици и една од омилените чанти Hermes од нејзината колекција, а се зачини со препознатливите очила за сонце.

Поврзани вести

📸Сè и стои: Лежерниот изглед е совршен за убавата Русинка

Urednik

Најсекси жената на светот привлече внимание во Милано во необичен фустан

Urednik

Ана Винтур предизвика хаос на модната недела во Њујорк

Urednik