СТАНДАРД life
Стил

📷Удобни и елегантни: Новите панталони на Викторија Бекам ги полудеа љубителите на модата

Викторија Бекам го достигна статусот на вистинска модна икона со својата последна ревија, постигнувајќи невиден успех и голема помпа околу низа парчиња со минималистички луксуз.

На Модната недела во Париз, каде што ја претстави колекцијата пролет-лето 2023-2024 година. едно постигна особено ѕвезден статус – црни кроени панталони, кои ги полудеа трендсетерките.

Во колекцијата која беше проткаена со луксуз и минималистичка елеганција, ова парче се истакна по својата разноврсност и се што е потребно за да стане вистинска модна класика.

Џиџи Хадид
Џиџи Хадид

Станува збор за црни скроени панталони со удобна ластична лента наместо ремен и во контрастна бела боја. Ги носеше Џиџи Хадид, една од најпознатите манекенки на денешницата, а дека и самата се заљубила во нив на прв поглед потврдува и фактот што ги носела еден ден подоцна додека се шетала низ француската престолнина.

Тие не се одвојуваат од самата Викторија Бекам која ги издвојува како омилено парче од новата колекција, како и од снаата Никола Пелц која ги носеше во Лондон кога излезе со Бруклин Бекам.

Викторија Бекам повеќе од 25 години јаде ист оброк секој ден – Еве како ја одржува витката линија!

Поврзани вести

📸Раскошното палто на Дуа Липа криеше сензуално издание

Urednik

Фустанот кој го поцрвени црвениот тепих на овогодинешната Венеција

Radmila Tasevska

Гламурозен стајлинг: Тејлор Свифт воодушеви во фустан од тантела

Urednik