СТАНДАРД life
Шоубиз

Џенифер Лоренс одговори на гласините за пластичните операции: „Изгубив тежина по породувањето, а се останато е шминка“

Џенифер Лоренс му е благодарна на својот шминкер, а не на пластичен хирург. За време на интервјуто со Кајли Џенер за магазинот Interview, славната актерка ги отфрли шпекулациите дека направила нешто на своето лице, припишувајќи го својот нов изглед на техниките на шминкање и возраста.

„Неверојатно е што може да направи шминката. Работам со Хунг Ванг, кој, меѓу другото, е специјалист за монтирање усни и контура, и го нарекувам пластичен хирург, бидејќи во последните неколку месеци откако работам со него, сите се убедени дека сум направила операција на очите“, се пошегува 33-годишната оскаровка, дополнително нагласувајќи дека не направила операција на очите, туку само шминка.

„Сите мислеа дека сум го оперирала носот, но мојот нос е потполно ист. Моите образи се намалија. Ви благодарам што го спомнавте тоа“, возвратила ѕвездата.

Џенер, која почнала силно да ги „средува“ усните како тинејџерка за да изгледаат „пополни“, ја уверила Лоренс дека изгледа одлично и го споделила своето искуство со луѓето кои правеле претпоставки за нејзиниот изглед.

„На крајот добив филери за усни, но истото е и со мене. Па, како можеш да го споредиш моето 12-годишно лице со ова сега и да кажеш дека сум направила операција на вилицата и очните капаци?“ истакна Џенер.

Иако ова е прв пат Лоренс да се осврне на обвинувањата за пластична хирургија, Џенер со години се бранеше од гласините. Иако неодамна призна дека ќе ги оперира градите, основачката на Kylie Cosmetics демантираше дека ставила нешто повеќе од филери.

„Една од најголемите заблуди за мене е дека сум била несигурно дете и сум имала толку многу операции и сум го сменила целото лице, што е лага. Само ставив филери. Не сакам тоа да биде дел од мојата приказна “, рече мајката на две деца во епизодата на шоуто на Hulu.

Џенер инсистираше на тоа дека отсекогаш била исклучително самоуверена и дека никогаш не би направила ништо за драстично да се промени – особено сега кога има ќерка.

Џенифер Лоренс за голата сцена во новиот филм: „Ниту една секунда не се двоумев“

Поврзани вести

📸 Канје ја снимал сопругата облечена во костим од латекс, луѓето пишуваат: „Како да не е вистинска“

Radmila Tasevska

📸Бијонсе ја менува бојата на кожата?

Urednik

📽Анти-израелски демонстранти со вербални напади кон Алек Болдвин

Urednik