СТАНДАРД life
Шоубиз

Џенифер Лоренс за голата сцена во новиот филм: „Ниту една секунда не се двоумев“

Џенифер Лоренс проговори за сцена од новиот филм на Нетфликс No Hard Feelings во која се појавува целосно гола.

Да потсетиме, Лоренс во филмот го толкува ликот на Меди Баркер која се обидува да заведе тинејџер откако неговите родители објавиле оглас во кој бараат девојка за нивниот син. Во една сцена таа е целосно гола и се кара со група луѓе кои сакаат да и ја украдат облеката на плажа, а сцената ги изненади обожавателите.

„Сите ме прашуваа дали сум сигурна за тоа“

Таа објасни дека сите ја прашувале дали е сигурна дека сака да го направи тоа и признала дека не се сомневала во снимањето на сцената.

„Сите ме прашуваа дали сум сигурна во тоа, а јас не се двоумев ниту една секунда. Беше урнебесно“, пишува Variety. Инаку, Лоренс изјави дека и бил потребен еден ден и „многу преработки“ за да се снима таа сцена.

Нејзиниот 21-годишен колега Ендрју Барт Фелдман, кој го игра тинејџерот Пери, а исто така учествува и во голата сцена, призна дека немал проблеми со тоа: „Веднаш станавме толку блиски што ништо не беше чудно или небезбедно. Сè беше целосно професионално“.

Поврзани вести

Ким Кардашијан се огласи во врска со војната во Израел (ФОТО)

Radmila Tasevska

(ФОТО) Џеј Ло повторно фасцинира со завидната линија во бикини

Urednik

📸 Сопругата на Канје повторно шокираше: Гола под проѕирниот мантил

Radmila Tasevska