СТАНДАРД life
Здравје

Оваа храна предизвикува повеќе смртни случаи отколку цигарите: Сите ја јадеме!

Без разлика дали се работи за чоколадо или солени чипсови, секој понекогаш копнее по нездрав оброк.

Сепак, ултра-обработената храна не е ограничена само на работите што ги јадеме повремено, тие вклучуваат виршли, леб, јогурти со вкус, дури и супи од кесичка.

„Оваа храна е поврзана со повеќе смртни случаи ширум светот отколку тутунот“, предупреди д-р Крис Ван Тулекен во поткастот „Дневникот на извршниот директор“.

„Јадев типична западна храна и се здебелив многу. Западнав во маѓепсан круг на прејадување, анксиозност и несоница. Да продолжев вака една година, ќе ја удвоев телесната тежина“, додаде тој.

Докторот посочува дека ултра преработената храна е нездрава, но и создава зависност, исто како и пушењето.

„Зголемената потрошувачка на ултра-обработена храна е поврзана со кардиоваскуларни заболувања, рак, висок крвен притисок, заболување на замастен црн дроб, воспалителна болест на цревата, депресија, покачени масти во крвта, синдром на нервозно дебело црево и деменција“, предупреди докторот.

Најлошо од се е што луѓето со ниски примања се принудени да ја јадат оваа храна бидејќи е евтина.

„Кога би се ослободиле од сиромаштијата, би се ослободиле од околу 60 отсто од проблемите со болестите поврзани со исхраната“, вели д-р Ван Тулекен, цитиран од index.hr.

Поврзани вести

Овој витамин ви е потребен за слабеење

Urednik

Вода со ѓумбир на празен стомак: Едноставен пијалок кој може да донесе многу придобивки

Urednik

Голема студија открива нов фактор на ризик за срцев удар

Radmila Tasevska