СТАНДАРД life
Здравје

Голема студија открива нов фактор на ризик за срцев удар

Секоја промена е важен индикатор.

Докторите не само што треба да го проверуваат високиот крвен притисок, туку и да ги следат промените при секоја посета на пациентот, сугерира новото истражување.

Студијата спроведена во Велика Британија, која опфати повеќе од милион читања, покажа дека варијабилноста на крвниот притисок е главниот предиктор за ризикот од срцев и мозочен удар.

Пациентите со флуктуирачки отчитувања може да бидат изложени на поголем ризик за кардиоваскуларни настани отколку оние со висок, но стабилен крвен притисок контролиран со лекови.

Истражувачите од Империјалниот колеџ следеле повеќе од 8.000 пациенти во Велика Британија со висок крвен притисок повеќе од 20 години. Тие откриле дека варијациите на систолниот крвен притисок со текот на времето се силен предиктор за мозочен удар, срцев удар и атријална фибрилација.

Ова било случај дури и кај пациенти кои имале отчитувања на крвниот притисок во нормални граници, но кои варираат помеѓу посетите на лекар, според резултатите објавени во European Heart Journal.

„Долго време знаеме дека високиот крвен притисок го зголемува ризикот од срцев удар и мозочен удар, но нашите најнови наоди исто така ја нагласуваат важноста од следење на варијабилноста на крвниот притисок со текот на времето“, коментира постар автор на студијата, професорот Питер Север.

Најголем дел од испитаниците биле мажи со просечна возраст од 64 години. Меѓу пациентите со просечен систолен крвен притисок помал од 140 mmHg, оние со најголема варијабилност имале 16 отсто поголем ризик од срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни настани во споредба со групата со најмала варијабилност.

Исто така, покажа дека повеќе од половина од инцидентите (53 проценти) се случиле кај пациенти чиј крвен притисок бил добро контролиран со лекови, под 140 mmHg, што покажува дека третманот е несоодветен.

Истражувачите заклучуваат дека резултатите покажуваат дека варијабилноста на систолниот крвен притисок од 13 mmHg или повеќе во текот на пет години може да биде поврзана со значително зголемен ризик од кардиоваскуларни настани, пренесува Index.hr.

Поврзани вести

Три несакани последици од прекумерното консумирање јајца

Radmila Tasevska

3 најефикасни диети за слабеење: Со нив лесно ќе го изгубите вишокот килограми!

Urednik

Зошто храната без шеќер предизвикува редовно празнење на цревата?

Radmila Tasevska