Канелоните се посебен вид тестенини што сите ги сакаат. Можете да ги наполните со што сакате и тоа е посебниот шарм.
Канелоните на начин на кои ви ги презентираме се особено кремасти бидејќи мешавината од спанаќ и крем сирење им дава посебна сочност!
Ќе уживате во секој залак од ова јадење!
Состојки:
* 12 канелони
* 3 чешниња лук
* 400 гр бебешки спанаќ
* 3 чаши свежи листови босилек
* 500 гр крем сирење
* 60 гр пармезан сирење
* 2 јајца
* морско оревче (рендано)
* 1 лимон (само кора)
* 100 гр моцарела сирење
За сосот од домати:
* 350 гр пелат
* 1 чешне лук
* 1 лажица суво оригано
* 2 лажици маслиново масло
Подготовка:
На маслиново масло кратко пропржете го мелениот лук. Додадете го измиениот и исчистен спанаќ, а кога ќе биде готов, исечкајте го. Измешајте го со сечканите листови босилек, па додадете крем сирење, јајца, морско оревче и рендана кора од лимон. Зачинете со сол и бибер.
Потоа во тавата истурете го пелатот, ориганото, солта, биберот и сечканиот лук, па додадете 2 лажици маслиново масло. Гответе и мешајте додека состојките не се соединат.
Намачкајте ја тавата со сосот од домати, па наредете ги канелоните полнети со крем сирење и спанаќ. Оставете мала празнина помеѓу секоја од нив. Прелијте го со преостанатиот доматен сос и изрендајте моцарела или друго тврдо сирење.
Потоа посипете со пармезан и покријте со фолија. Се пече на 200°C околу 20 минути.
После тоа, отстранете ја фолијата и вратете уште малку да зарумени.
Извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат 10-15 минути пред да ги послужите.
На здравје!